Back to Languages

Macedonian - Chapter 12 - Yusuf

Translation by Macedonian Scholars — Permalink

Verse 1 — Surah Yusuf 12:1

Елиф–лам–ра. Ова се ајети од Книгата јасна

Verse 2 — Surah Yusuf 12:2

Ја објавуваме како Куран на арапски јазик, за да разберете

Verse 3 — Surah Yusuf 12:3

Објавувајќи ти го овој Куран, Ние тебе ти кажуваме за најубавите случувања, иако пред него навистина не си знаел ништо

Verse 4 — Surah Yusuf 12:4

Кога Јусуф му рече на својот татко: „О, татко мој, сонував единаесет ѕвезди, и сонцето и месечината, и во сонот ги видов како ми се поклонија.“

Verse 5 — Surah Yusuf 12:5

Тој рече: „О, синко мој, не им го кажувај својот сон на браќата, за да не ти напакостат, шејтанот му е навистина отворен непријател на човекот.“

Verse 6 — Surah Yusuf 12:6

И, ете така, Господарот твој тебе ќе те одбере, и за толкување на соништата ќе те научи, и благодатта Своја кон тебе и Јакубовото семејство ќе ја надополни, како што претходно ја надополни на предците твои, на Ибрахим и на Исхак. Господарот твој, навистина, е Мудар

Verse 7 — Surah Yusuf 12:7

Кај Јусуф и кај браќата негови се наоѓаат поуки за сите што се распрашуваат

Verse 8 — Surah Yusuf 12:8

Кога тие рекоа: „Јусуф и братот негов му се помили на нашиот татко од нас, а ние сме цела група. Нашиот татко очигледно греши.“

Verse 9 — Surah Yusuf 12:9

Убијте го Јусуф или оставете го во некој предел, татко ви потоа вам ќе ви се посвети, и потоа добри луѓе ќе бидете

Verse 10 — Surah Yusuf 12:10

Еден од нив рече: „Ако навистина сакате нешто да сторите, тогаш не го убивајте Јусуф, туку фрлете го на дното на некој бунар, ќе го земе некој караван.“

Verse 11 — Surah Yusuf 12:11

„О, татко наш,“ - рекоа тие - „зошто не ни го довериш Јусуф? Ние навистина му посакуваме добро.“

Verse 12 — Surah Yusuf 12:12

„Испрати го утре со нас да се забавува и да се разоноди, ние сигурно ќе го чуваме.“

Verse 13 — Surah Yusuf 12:13

„Навистина ќе ми биде жал ако го однесете, а се плашам да не го изеде волк кога вие нема да внимавате на него.“ – рече Јакуб

Verse 14 — Surah Yusuf 12:14

„Како ќе го изеде волк, а ние сме група?“ – рекоа тие - „Ние тогаш навистина би биле изгубени.“

Verse 15 — Surah Yusuf 12:15

И кога го однесоа и одлучија да го фрлат на дното на бунарот, Ние му објавивме: „Ти за оваа постапка нивна ќе ги известиш, а тие нема да те препознаат.“

Verse 16 — Surah Yusuf 12:16

И навечер плачејќи му дојдоа на својот татко

Verse 17 — Surah Yusuf 12:17

„О, татко наш,“ – рекоа - „заминавме да се натпреваруваме, а Јусуф го оставивме кај нашите работи, па го изеде волк. А ти нема да ни веруваш, иако вистината ти ја говориме.“

Verse 18 — Surah Yusuf 12:18

И ја донесоа кошулата негова, со лажна крв натопена. „Во вашите души изникна злобна мисла,“ - рече тој - „и јас нема да се жалам, барам помош од Аллах против ова што вие го изнесувате.“

Verse 19 — Surah Yusuf 12:19

И дојде еден караван, па го испратија водоносецот свој и тој ја спушти кофата своја. „Види среќа!“ - викна тој - „еве едно момче!“ И тие како трговска стока го скрија, а Аллах добро го знаеше тоа што го направија

Verse 20 — Surah Yusuf 12:20

И го продадоа за евтина цена, за неколку гроша; едвај чекаа да се ослободат од него

Verse 21 — Surah Yusuf 12:21

И потоа тој од Египет, што го купи, ѝ кажа на жената своја: „Направи му го престојот пријатен! Може корисен да ни биде, а можеме и да го посиниме!“ И ете така Ние на Јусуф му дадовме убаво место на Земјата и го научивме да толкува соништа, а Аллах прави што сака, но повеќето луѓе не знаат

Verse 22 — Surah Yusuf 12:22

И кога тој порасна, Ние со мудрост и со знаење го обдаривме; така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела

Verse 23 — Surah Yusuf 12:23

И почна да го наведува на грев таа во чија куќа беше тој, па ги заклучи сите врати и рече: „Пријди!“ „Аллах да ме сочува!“ - извика тој -„Газдата мој убаво се грижи за мене; а тие кои доброто ќе го возвратат со зло никогаш нема да успеат.“

Verse 24 — Surah Yusuf 12:24

И таа го посакуваше него, а и тој ќе ја посакаше неа доколку од Господарот свој јасен знак не виде – така беше, за да ги одвратиме од него злото и блудот, бидејќи тој навистина беше Наш искрен роб

Verse 25 — Surah Yusuf 12:25

И двајцата потрчаа кон вратата, а таа ја искина кошулата негова одназад, и мажот нејзин кај вратата го затекнаа. „Каква казна заслужува тој што сакаше на твојата жена зло да ѝ направи,“ – рече таа - „или зандана или болна казна?“

Verse 26 — Surah Yusuf 12:26

„Таа се обиде мене да ме наведе на грев.“ - рече Јусуф. „Ако кошулата негова е искината од предната страна, тогаш таа ја говори вистината, а тој невистината,“ – посведочи еден човек од нејзиното семејство

Verse 27 — Surah Yusuf 12:27

„а ако кошулата негова е искината од задната страна, тогаш таа лаже, а тој ја говори вистината.“

Verse 28 — Surah Yusuf 12:28

И кога тој виде дека кошулата негова е искината од задната страна, рече: „Тоа е една од вашите интриги; вашите интриги се навистина големи!“

Verse 29 — Surah Yusuf 12:29

„Ти, Јусуф, остави го ова, а ти барај прошка за својот грев, затоа што навистина беше грешничка!“

Verse 30 — Surah Yusuf 12:30

И жените во градот почнаа да зборуваат: „Жената на управникот го навела момчето на грев, во него лудо се загледала! Ние мислиме дека навистина греши.“

Verse 31 — Surah Yusuf 12:31

И кога таа слушна за нивното озборување, ги повика, па им подготви гозба, на секоја од нив ѝ даде нож и рече: „Излези пред нeго!“ А кога тие го погледаа, се восхитија на неговата убавина и по рацете свои се исекоа: „Боже, Боже!“ - извикнаа - „Ова не е човек, ова е благороден мелек.“

Verse 32 — Surah Yusuf 12:32

„Е ова ви е тој поради кого ме прекорувавте.“ – рече таа - „Вистина е дека сакав да го наведам на грев, но тој ме одби. Ако не го направи тоа што го барам од него, сигурно ќе биде фрлен во зандана и понижен.“

Verse 33 — Surah Yusuf 12:33

„Господару мој,“ - изговори тој - „помил ми е затворот од тоа кон што тие ме наведуваат! И ако Ти не ги одвратиш од мене интригите нивни, јас можам кон нив наклоност да почувствувам и незналец да станам.“

Verse 34 — Surah Yusuf 12:34

И Господарот негов ја исполни молбата негова иго спаси од интригите нивни. Тој, навистина, сè слуша и сè знае

Verse 35 — Surah Yusuf 12:35

Потоа им падна напамет, иако беа уверени дека е невин, за некое време да го фрлат во зандана

Verse 36 — Surah Yusuf 12:36

Со него во зандана влегоа уште две момчиња. „Јас сонував дека цедам грозје.“ – рече еден од нив. „А јас, пак,“ - кажа другиот - „дека на главата носам леб кој птиците го колваат. Протолкувај ни го тоа, бидејќи гледаме дека си навистина добар човек.“

Verse 37 — Surah Yusuf 12:37

„Ниту еден оброк со храна нема да ви биде донесен, а јас претходно да не ви кажам што ќе добиете.“ - рече Јусуф. „Тоа е само дел од тоа што ме научи Господарот мој, јас се чувам од верата на народот кој не верува во Аллах и кој не го признава оној свет

Verse 38 — Surah Yusuf 12:38

и ја исповедам верата на предците свои, Ибрахим, Исхак и Јакуб; на нас не ни доликува на Аллах да Му припишуваме здруженик. Тоа е милоста на Аллах кон нас и кон останатите луѓе, но повеќето луѓе не се благодарни

Verse 39 — Surah Yusuf 12:39

О, пријатели мои од занданава, дали се подобри разноразните богови или Аллах, Единиот и Семоќниот

Verse 40 — Surah Yusuf 12:40

Тие кои наместо Него ги обожувате се само имиња кои сте им ги дале вие и предците ваши, Аллах за нив никаков доказ не објавил. Судот Му припаѓа само на Аллах, а Тој наредил само Него да Го обожувате. Тоа е единствената исправна вера, но повеќето луѓе не знаат

Verse 41 — Surah Yusuf 12:41

О, другари мои од занданава, едниот од вас господарот свој со вино ќего пои, а другиот ќе биде распнат, па птиците главата ќе му ја колваат. Тоа за што прашавте е веќе одредено.“

Verse 42 — Surah Yusuf 12:42

А на тој, од тие двајцата, за кого знаеше дека ќе биде спасен, му рече: „Спомни ме кај господарот твој!“ - но шејтанот направи тој да заборави да го спомне кај господарот свој, и Јусуф останавозанданите неколку години

Verse 43 — Surah Yusuf 12:43

И владетелот рече: „Сонував како седум слаби крави изедоа седум дебели, и сонував седум класја зелени и седум други, исушени. О, великани, протолкувајте ми го сонот мој, ако знаете да толкувате соништа!“

Verse 44 — Surah Yusuf 12:44

„Измешани соништа!“ – рекоа тие - „Ние не знаеме да толкуваме соништа.“

Verse 45 — Surah Yusuf 12:45

И тогаш, по толку време, се сети еден од тие двајца, тој што беше спасен, и рече: „Јас ќе ви го протолкувам сонот, само испратете ме

Verse 46 — Surah Yusuf 12:46

Јусуфе, о, искрен, протолкувај ни што значи: седум слаби крави изедоа седум дебели, и седум класја зелени и седум други, исушени, - па да се вратам кај луѓето за да дознаат.“

Verse 47 — Surah Yusuf 12:47

„Седум години постојано ќе сеете,“ – рече, „па тоа ште ќе го пожнеете во амбари оставете го, освен малку од тоа, што ќе го јадете

Verse 48 — Surah Yusuf 12:48

затоа што потоа ќе дојдат седум тешки (години) кои ќе го изедат тоа што за нив сте го подготвиле, ќе остане само малку од тоа што за сеење ќе го сочувате

Verse 49 — Surah Yusuf 12:49

После тоа, ќе дојде година во која на луѓето во изобилство ќе им врнат дождови и во која ќе цедат.“

Verse 50 — Surah Yusuf 12:50

И владетелот рече: „Донесете ми го!“ И кога на Јусуф му дојде гласникот, тој рече: „Врати се кај владетелот твој и запрашај го: Што е со жените кои си ги исекоа рацете? Сопственикот мој добро ги знае интригите нивни!“

Verse 51 — Surah Yusuf 12:51

„Што точно се случило кога Јусуф сте го навеле на грев?“ - запраша владетелот. „Бог да чува!“ - рекоа тие - „Ние за него ништо лошо не знаеме!“ „Сега вистината ќе излезе на виделина,“ - рече жената на управителот - „јас го наведував на грев, а тој вистината ја говореше

Verse 52 — Surah Yusuf 12:52

Исто така, тој (мојот сопруг) нека знае дека не сум го изневерила тајно, затоа што Аллах не дозволува да се остварат интригите на подмолните

Verse 53 — Surah Yusuf 12:53

Јас не се правдам себеси, та душата е склона кон злото, освен таа на која Господарот мој ќе ѝ се смилува. Господарот мој навистина простува и Семилосен е.“

Verse 54 — Surah Yusuf 12:54

И владетелот рече: „Донесете ми го, ќе го земам во мојата свита“, и откако поразговара со него, му рече: „Ти од денес кај нас влијателен и доверлив ќе бидеш.“

Verse 55 — Surah Yusuf 12:55

„Постави ме“ - рече - „да водам грижа за стовариштата во земјата, јас навистина ќе ги чувам со знаење

Verse 56 — Surah Yusuf 12:56

И така Ние на Јусуф му дадовме власт во земјата, престојуваше таму каде што сакаше; милоста наша Ние му ја даваме на тој што сакаме и не дозволуваме да пропадне наградата за тие што прават добри дела

Verse 57 — Surah Yusuf 12:57

Анаградата наоној свет еподобра за тие штоверуваат иштосечуваат од гревовите

Verse 58 — Surah Yusuf 12:58

И дојдоа браќата на Јусуф и влегоа кај него, па тој ги препозна, но тие него не го препознаа

Verse 59 — Surah Yusuf 12:59

И кога ги снабди со потребната храна, рече: „Донесете ми го вашиот брат по татко. Зарем не гледате дека полна мерка давам и дека гостите најдобро ги примам

Verse 60 — Surah Yusuf 12:60

Ако не ми го донесете, нема повеќе од мене храна да добиете и не ми доаѓајте.“

Verse 61 — Surah Yusuf 12:61

„Ќе сепогрижиме некако однеговиот татко да го измамиме, навистина така ќе постапиме.“ - рекоа тие

Verse 62 — Surah Yusuf 12:62

А Јусуф им рече на момчињата свои: „Ставете ги нивните работи во товарите нивни, па тие, кога ќе се вратат кај своите, ќе ги препознаат и пак ќе се вратат.“

Verse 63 — Surah Yusuf 12:63

И откако му се вратија на својот татко, рекоа: „О, татко наш, повеќе храна нема да ни даваат. Затоа испрати го со нас братот наш за да добиеме храна, а ние навистина ќе го чуваме.“

Verse 64 — Surah Yusuf 12:64

„Зарем да ви го доверам како што претходно ви го доверив братот негов?“ – рече тој. „Но Аллах е Најдобриот чувар и Тој е Најмилостивиот од милостивите!“

Verse 65 — Surah Yusuf 12:65

А кога ги отворија товарите свои и видоа дека им се вратени работите нивни, рекоа: „О, татко наш, што можеме повеќе да посакаме? Еве, вратени ни се работите наши, и со храна семејството наше ќе го снабдиме, и братот наш ќе го чуваме, а и еден камилин товар храна повеќе ќе добиеме; тоа е незначаен товар.“

Verse 66 — Surah Yusuf 12:66

„Јас нема да го испратам со вас,“ – рече - „додека цврсто не ми се заколнете во Аллах дека навистина ќе ми го вратите, освен ако не настрадате.“ И отакако тие му се заколнаа, тој рече: „Аллах е сведок за тоа што се договоривме!“

Verse 67 — Surah Yusuf 12:67

„О, синови мои,“ – рече тогаш - „не влегувајте на една порта, туку на различни порти, а јас не можам да ве спасам од тоа што Аллах ви го одредил; власта Му припаѓа само Нему, јас во Него имам доверба, и само во Него нека имаат доверба тие што се доверуваат.“

Verse 68 — Surah Yusuf 12:68

И кога влегоа така како што нивниот татко им нареди, тоа ни малку не им помогна за да бидат поштедени од тоа што Аллах веќе им го одредил, само се оставри желбата на Јакуб, која ја изврши, а тој навистина беше голем зналец, затоа што Ние го научивме, но повеќето луѓе не знаат

Verse 69 — Surah Yusuf 12:69

Икога излегоа пред Јусуф, тој го прегрна братот свој на градите ирече: „Јас сум твојот брат и не тагувај поради тоа што тие го направија.“

Verse 70 — Surah Yusuf 12:70

И откако ги снабди со потребната храна, стави една чаша во товарот на братот свој, а потоа еден гласник почна да вика: „О, караване, вие сте навистина крадци!“

Verse 71 — Surah Yusuf 12:71

Тие им пристапија и ги запрашаа: „Што барате?“

Verse 72 — Surah Yusuf 12:72

„Ја бараме чашата на владетелот.“ - одговорија - „Кој ќе ја донесе, ќе добие камилин товар храна. Јас гарантирам за тоа.“

Verse 73 — Surah Yusuf 12:73

„Се колнеме во Аллах,“ - рекоа тие - „вие знаете дека ние не дојдовме да правиме неред на земјата, и ние не сме крадци.“

Verse 74 — Surah Yusuf 12:74

„А каква е казната ако не ја зборувате вистината?“ – запрашаа

Verse 75 — Surah Yusuf 12:75

„Казната за тој во чијшто товар ќе се најде (чашата) е самиот тој!“ одговорија. „Ете така ние ги казнуваме неправедните.“

Verse 76 — Surah Yusuf 12:76

И тој започна со вреќите нивни, пред вреќата на братот свој, а потоа ја извади чашата од вреќата на својот брат. Ние го подучивме Јусуф така да ја изведе измамата. Тој според законот на владетелот не можеше да го земе својот брат како роб, но можеше со дозвола од Аллах. Ние го воздигнуваме тој кого Ние сакаме, а над секој зналец е Сезнајниот

Verse 77 — Surah Yusuf 12:77

„Ако украл,“ – рекоа тие - „па и претходно братот негов крадеше!“ И Јусуф не им рече ништо. „Вие сте во полоша положба,“ - си помисли во себе - „Аллах добро знае како беше тоа за што зборувате.“

Verse 78 — Surah Yusuf 12:78

„О, управнику,“ - рекоа тие - „тој има многу стар татко, па земи еден од нас наместо него! Ние гледаме дека си добар човек.“

Verse 79 — Surah Yusuf 12:79

„Чувај Боже,“ - рече - „да земе некој друг наместо тој кај кого го најдовме нашиот предмет! Тогаш навистина би биле неправедни!“

Verse 80 — Surah Yusuf 12:80

И кога изгубија секаква надеж, се одвоија настрана за да се посоветуваат. „Зарем не знаете,“ - рече најстариот меѓу нив - „дека на својот татко му се заколнавте во Аллах, а и претходно Јусуф го упропастивте? Нема да ја напуштам оваа земја додека тоа мојот татко не ми го дозволи или додека Аллах во моја корист не пресуди, а Тој е најдобриот Судија

Verse 81 — Surah Yusuf 12:81

Вратете му се на својот татко и кажете му: ,О, татко наш, синот твој украде; ние го тврдиме само тоа што го видовме, а ние не можевме да се сочуваме од тоа што беше судено

Verse 82 — Surah Yusuf 12:82

Прашај во градот во кој престојувавме и карванот со кој дојдовме. Ние, навистина ја зборуваме вистината!“

Verse 83 — Surah Yusuf 12:83

„Не е така,“ – рече Јакуб - „во вашите души изникна злобна мисла, и јас нема да се жалам, се надевам дека Аллах сè ќе ми врати; навистина, Тој знае сè и Мудар е.“

Verse 84 — Surah Yusuf 12:84

И се сврте од нив и рече: „О, Јусуфе, таго моја!“ – а очите му побелеа од жал, беше многу потиштен

Verse 85 — Surah Yusuf 12:85

„Се колнеме во Аллах,“ - рекоа тие - „ти толку го спомнуваш Јусуф, што тешко ќе се разболиш или ќе умреш!“

Verse 86 — Surah Yusuf 12:86

„Јас тагата своја и жалта своја пред Аллах ги изнесувам, а од Аллах го знам тоа што вие не го знаете.“ - рече тој

Verse 87 — Surah Yusuf 12:87

„О, синови мои, одете и распрашајте се за Јусуф и за братот негов, и не губете надеж во Аллаховата милост; надежта во Аллаховата милост ја губи само народот невернички.“

Verse 88 — Surah Yusuf 12:88

И кога тие влегоа кај него, рекоа: „О, управителу, нас и семејствата наши нè снајде неволја; донесовме мало количество вредни работи, но ти дај ни полна мерка и додели ни милостина, затоа што Аллах навистина ги наградува тие што даваат милостина.“

Verse 89 — Surah Yusuf 12:89

„А знаете ли,“ - запраша тој - „што направивте непромислено со Јусуф и со братот негов?“

Verse 90 — Surah Yusuf 12:90

„А ти да не си Јусуф?“ - повикаа тие. „Да, јас сум Јусуф, а ова е братот мој, Аллах ни ја подари милоста; кој ќе се плаши од Аллах и кој ќе биде трпелив – па, Аллах навистина нема да допушти да пропадне наградата на тие што прават добри дела.“

Verse 91 — Surah Yusuf 12:91

„Се колнеме во Аллах,“ - рекоа тие - „Аллах над нас те воздигна, а ние навистина згрешивме!“

Verse 92 — Surah Yusuf 12:92

„Јас сега нема да ве прекорувам,“ - рече - „Аллах ќе ви прости, Тој е најмилостивиот од милостивите

Verse 93 — Surah Yusuf 12:93

Оваа кошула однесете ја и на лицето на мојот татко ставете ја, и тој ќе прогледа, и целото свое семејство донесете ми го!“

Verse 94 — Surah Yusuf 12:94

И кога карванот го напушти Египет, неговиот татко рече: „Јас навистина го чувствувам мирисот на Јусуф, само немојте да кажете дека сум станал сенилен.“

Verse 95 — Surah Yusuf 12:95

„Се колнеме во Аллах,“ - рекоа тие - „ти исега како ипорано грешиш.“

Verse 96 — Surah Yusuf 12:96

„А кога гласникот на радосни вести дојде, тој ја стави кошулата на лицето негово и тој прогледа. „Зарем не ви реков,“ - рече - „дека јас го знам од Аллах тоа што вие не го знаете?“

Verse 97 — Surah Yusuf 12:97

„О, татко наш,“ рекоа тие - „замоли да ни се простат гревовите, ние навистина згрешивме.“

Verse 98 — Surah Yusuf 12:98

„Ќе Го замолам Господарот свој да ви прости,“ - одговори тој - „затоа што Тој простува и Милостив е.“

Verse 99 — Surah Yusuf 12:99

И кога излегоа пред Јусуф, тој ги прегрна родителите свои и рече: „Населете се во Египет, од секој страв, ако Аллах сака, ослободени!“

Verse 100 — Surah Yusuf 12:100

И тој родителите свои ги стави на престолот и сите му се поклонија, па тој рече: „О, татко мој, ова е остварување на мојот некогашен сон. Господарот мој гоисполни. Аллах беше добар конмене когаме извади од занданата и вас од пустината ве донесе, откако шејтанот помеѓу мене и браќата мои раздор посеа. Господарот мој е милостив кон кого Тој сака, и Тој знае сè и Мудар е

Verse 101 — Surah Yusuf 12:101

Господару мој, Ти ми даде дел од власта и ме научи да толкувам соништа! О, Создателу на небесата и на Земјата, Ти си Заштитникот мој и на овој и на оној свет; дај да умрам како муслиман и придружи ме со тие што се добри!“

Verse 102 — Surah Yusuf 12:102

Ете, тоа се некои непознати вести кои Ние тебе ти ги објавуваме, а ти не беше со нив кога тие одлучија, и кога беа така лукави

Verse 103 — Surah Yusuf 12:103

А повеќето луѓе, колку и да сакаш, нема да бидат верници

Verse 104 — Surah Yusuf 12:104

Ти од овие не бараш награда за него (Куранот), тој е само опомена на сите светови

Verse 105 — Surah Yusuf 12:105

А колку знаци има на небесата и на Земјата покрај кои проаѓаат, а од кои тие главите ги вртат

Verse 106 — Surah Yusuf 12:106

Повеќето од нив не веруваат во Аллах, туку на Него здруженици Му припишуваат

Verse 107 — Surah Yusuf 12:107

Зарем можат да бидат сигурни дека неволја, како казна од Аллах, нема да ги стигне или дека Часот суден нема да ги изненади, а тие тоа да не го ни забележат

Verse 108 — Surah Yusuf 12:108

Кажи: „Ова е мојот пат, јас повикувам кон Аллах имајќи јасни докази, јас и секој што ме следи, и нека е Возвишен Аллах, јас не Му припишувам здруженик.“

Verse 109 — Surah Yusuf 12:109

А Ние и пред тебе само мажи праќавме, граѓани на кои објавите им ги објавувавме. Зарем овие не патуваат по светот, па не гледаат како завршиле тие пред нив - а оној свет е навистина подобар за тие што ќе се плашат од Аллах – зарем нема да се опаметите

Verse 110 — Surah Yusuf 12:110

А кога Пратениците за малку ќе ја изгубеа надежта и ќе помислеа дека ќе ги прогласат за лажливци, Нашата помош ќе им дојдеше. Ние ќе ги спасевме тие што сакавме, а казната Наша не го одминуваше злосторничкиот народ

Verse 111 — Surah Yusuf 12:111

Во кажувањата за нив има поука за тие што се обдарени со разум. Куранот не е измислена приказна, тој ги признава Книгите кои се објавени пред него, и објаснува сè, и патоказ и милост е за народот што верува