Бабо му рече: “О синко, не кажувај го сонот твој на браќата твои, зашто ќе ти направат некаква сплетка. Шејтанот, навистина, е отворен непријател за човекот
Ете, така Господарот твој ќе те одбере и ќе те поучи во толкувањето на настаните и ќе го надополни благодатот Свој врз тебе, и врз семејството на Јакуб онака како што го усоврши на твоите предци, пред тебе, на Ибрахим и на Исхак. Господарот твој, навистина, е Зналец и Мудар
И еден меѓу говорниците нивни рече: “Не убивајте го Јусуфа, туку фрлете го, ако веќе. тоа го правите, во дното на бунарот, па ќе си го земе некој. караван
бидејќи го одведоа се согласија да го фрлат на дното од еден бунар. И тука Ние му објавивме: “Ти, навистина, ќе им донесеш, во врска со работата нивна, вести за ова. И тие не ќе препознаат
и рекоа: “О бабо наш, ние бевме отишле да се наттрчуваме И го оставивме Јусуфа да ни ги чува стварите, па го изеде волк. Е, па, нема ли да ни поверуваш; искрени сме, навистина
ја донесоа кошулата негова со лажна крв. Рече: “Не, во душите ваши најдовте нешто што ве радува. Е, само колку е убава трпеливоста! ОД Аллах барам помош за она што го опишувате
И дојде караван меден. Го испратија водоносецот по вода. Овој ја спушти кофата. Рече: “Каква радост; еве дете!" И го сокрија како стоката трговска. Аллах го знае она Што го работат
оној што го купи, од Мисир, А рече на жена му: “Направи го пријатен престојот негов: можеби ќе ни биде од корист или, пак, ќе го посиниме." И ете, така, Ние го сместивме Јусуфа во таа земја и го поучивме во толкувањето на соновите. Аллах е Победник со наредбата Своја, Но МНОзинството на луѓето не знаат
И настојуваше да го привлече кон себе, онаа во чија куќа беше. тој, и ги миспозатвора вратите, и рече: “Приближи се!" Јусуф рече: “Аллах да ме сочува, газдата мој, навистина, престојот ми го направи убав. Да, зулумќарите нема да бидат спасени
И таа, секако, покажа желба за него. А тој да не го видеше доказот од Господарот свој ќе покажеше желба за неа. Ете, така Ние од него го отсранивме лошото и срамното дело. ОН, навистина, е меѓу робовите НаШИ ЧИСТИ
двајцата потрчаа кон вратата. И таа ја искина кошулата негова одзади. И го сретнаа мажот ќ на вратата, и таа рече: “Каква е казната за оној кој сака да ја обесчести жената твоја, освен да се затвори или болно да се казни
Јусуф рече: “Таа сакаше да ме привлече кон неа." И еден сведок, тогаш, при семејството нејзино вака посведочи: “Ако кошулата негова е иИскината однапред, во право си, а Јусуф, тогаш, би лажел
И жените по градот говореа: “Жената на величеството негово посака да го привлече кон себе своето момче. Многу се вњубила во него. Ние сметаме дека таа е скршната во заблуда јасна, навистина
И бидејќи слушна збораници, испрати човек по жените, И ИМ подготви дивани. На секоја ОД нив И даде нож, и рече: “Излези пред нив!" И бидејќи го видоа, се зачудија и ги испосекоа прстите, и рекоа: “Аллах да сочува, ова не е човек; ова е мелек благороден
Таа рече: “Ете, тоа е она за што ме озборувавте. Посакав да го привлечам кон себеси па се воздржа. И ако не го направи она што му го мнаредувам, секако, ќе го фрлам в затвори ќе биде меѓу понизените
тој рече: “Господаре мој, затворот ми е помил од она кон што оние ме повикуваат. Ако не ме сочуваш од сплетките нивни ќе ми се појави желба кон ниви ќе бидам, тогаш, меѓу незнајковците
Во затворот со него влегоа уште две момчиња. Едното рече: “Јас сонував, навистина, дека цедам вино, а другото, пак, рече: “Јас сонував, навистина, како носам над главава леб што го клукаа птиците." Објасни ни го значењето нивно! Гледаме дека си, навистина, меѓу доброчинителите
Јусуф рече: “Не ќе ви дојде ниедна храна која ја јадете а да не ве известам за нејзиното значење пред да ви дојде. Гоа е она со што ме поучи Господарот мој. Да, јас ја оставив верата на народот кој не веруваше во Аллах и кој не го признаваше :Ахирет
Ја следам верата на моите предци: Ибрахим, Исхак, Јакуб. Не ни доликува ништо да Му здружуваме на Аллах. Ете, тоа е од добрината Аллахова кон нас И КОН луѓето, НО МНОЗИНСТВОТО меѓу луѓето не се заблагодаруваат
Оние кои ги обожавате освен Аллах се само имиња кои им ги дадовте, вие и предците ваши; затоа Аллах не ви објави никаков доказ. Пресудата е само Аллахова. Ви нареди само Него да Го обожавате. Е, тоа е постојаната вера, но мнозинството меѓу луѓето не знаат
другари мои затворски, еден од вас Господарот ќе го напие со вино, а другиот ќе го распне и птиците ќе јадат од главата негова. Така е одредена судбината за која барате одговор
И Јусуф му рече на едниот за кого мислеше дека ќе биде спасен:“Спомени ме при господарот твој. Шејтанот, меѓутоа, направи да заборави да го спомене кај господарот свој И заради тоа остана в затвор уште неколку години
И владарот рече: “Јас сонував, навистина, седум крави дебели како ги јадат седум крави слаби и седум класја зрели и други седум суви. О големци, протолкувајте ми го сонот мој ако толкувате сонови
“О Јусуф, о пријателу! Протолкувај ни што значат седум крави слаби да јадат седум крави дебели и седум класја зрели и други седум класја суви, за да се вратам кај луѓето и за да знаат што е тоа
И владарот рече: “Доведете ми го!" И бидејќи пратеникот му дојде, рече: “Врати му се на господарот твој и прашај го што се случи со жените кои ги испосекоа рацете нивни. Господарот мој, навистина, ги знае сплетките нивни
Владарот рече: “Што е, токму, со вас? Зошто сакавте да го привлечете Јусуфа кон вас?" Рекоа: “Аллах да чува, ние ништо лошо за него не знаеме." И жената на моќникот рече: “Вистината сега излезе на виделина. Јас посакував, токму, да го привлечам, но он, навистина, е меѓу искрените
ас, меѓутоа, не се оправдувам. Душата, навистина, е наклонета кон злото, освен ако не И се смилува Господарот мој. Господарот мој, „навистина, е Простувач и Сомилосен
И ете, така Ние на Јусуф му дадовме посебно место на земјата. И се исели на неа таму каде што сакаше. Со милоста Наша Ние наградуваме кого сакаме, а наградата на доброчинителите не ја намалуваме
И бидејќи ги снабди со делот нивни, рече: “Доведете го кај мене вашиот брат по бабо. Не гледате ли дека јас, навистина, мерам праведно И дека јас сум најдобар угостувач
Јусуф тим рече на момчињата:“Погледнете ги нивните покуќнини во товарите нивни; можеби, кога ќе им се вратат на семејствата, ќе ги препознаат; можеби пак ќе се вратат
бидејќи се вратија кај бабо им, рекоа: “О бабо наш, ние нема да добиеме повеќе храна. Испрати го, тогаш, брат НИ со нас. Со него сигурно ќе добиеме храна. И сигурно ќе го чуваме
Бабо им рече: “Да ви го доверам ли онака како што ви го доверив брат му порано? Па, Аллах е најдобриот чувар! И меѓу милостивите, токму, е НајМИЛОСТИВИОТ
И бидејќи го отворија товарот, видоа како покуќнините НИВНИ се вратени, и рекоа: “О бабо наш, што ни треба повеќе? Овие наши покуќнини НИ се вратија; ќе ги снабдиме семејствата наши, И ќе го чуваме брат ни, и ќе добиеме повеќе од еден камилски товар, - тоа е товар незначителен
Тој рече: “Нема да го испратам со вас, сигурно, додека не ми дадете заклетва, која ќе се поптира врз Аллах дека ќе ми го вратите, освен ако не настрадате. И бидејќи му дадоа заклетва, рече: “Аллах е Закрилник за она што го зборуваме
И рече: “О синови мои, не влегувајте низ една порта, туку влегувајте низ различни порти. Јас немам никаков удел во она што Виго одредува Аллах. Пресудата, навистина, е - Аллахова! Врз Него се потпирам и врз Него се потпираат они кои, токму, се потпираат
И бидејќи влегоа отаде од каде што им заповеда бабо им, ништо за нив не беше остварено од страна на МААллах, освен потребата во душата на Јакуб која ја оствари; Јакуб беше зналец бидејќи Ние го поучивме, навистина, но МНОЗИНСТВОТО На луѓето не знаат
И бидејќи ги снабди со она што требаше да ги снабди, стави еден сад за мерење во товарот од брат му. Потоа, еден возгласник возгласи: “О каравану, вие сте, навистина, крадци
тогаш Јусуф почна со вреќите нивни пред да почне со вреќата од брат му, и го извади садот од вреќата на брат му. Ете, со таква итрина Ние го поучивме Јусуфа. Јусуф не можеше, според законот на владарот, да го земе брат му како роб, освен ако не сака Аллах. Кого сакаме Ние на степени го воздигнуваме. И над секое знаење има зналец
Гие рекоа: “Ако тој украде, украде и брат му пред него." И тоа Јусуф го премолчи во себеси, и не им го обелодени, велејќи си: “Вие сте во полоша состојба, а Аллах најдобро го знае она што вие го опишувате
И бидејќи изгубија надеж во него, се одвоија насамо. Најстариот од нив рече: “Не знаете ли дека бабо од вас побара заклетва, да се заколнете во Аллах? И порано Јусуфа го упропастивте. Нема да ја напуштам земјава се додека не МИ ДОЗВОЛИ бабо ми или, пак, додека не ми пресуди Аллах. А меѓу судиите ОН е Најдобриот
Вратете се кај бабо ви, па кажете: - О бабо наш, твојот син, навистина, украде. И го сведочиме само она Што го знаеме и ние, навистина, не сме чувари на тајната
О синови мои, одете и распрашајте се за Јусуф и за брат му, па, не очајувајте во милоста Аллахова. Во милоста Аллахова очајуваат, навистина, само неверниците
И бидејќи влегоа кај него, рекоа: “О величество, штета не погоди, нас и семејствата наши, И ете, така, дојдовме со трговска стока отпадна. Па, дај ни полна мера и дај ни милосрдие. Аллах, навистина, ги наградува милосрдниците!“
Гие рекоа: “Ти ли си Јусуф, навистина?“ Јусуф рече: “Јас сум Јусуф, а ова е брат ми. Да, Аллах ни даде предност." Оној кој е богобојазлив и трпелив... па, Аллах, навистина, не ја намалува наградата на доброчинителите
И бидејќи дојде радосникот, ја фрли кошулата на неговото лице, и тогаш ете, му се врати видот. Рече: “Нели ви кажав дека јас го знам од Аллах она што вие, секако, не го знаете
И ги постави родителите свои на престолот и сите кои беа тука му се поклонија. И тој рече: “О бабо мој, ова е толкувањето на мојот сон од порано. Аллах определи тој да се овистини. Да, Аллах ми направи добро со тоа што ме извлече од затворот и затоа што нвас ве доведе Од пустина. И тоа по вмешувањето на Шејтанот меѓу мене и меѓу браќата мои. Господарот мој, навистина, е Чувствителен кон оној кон кого Он сака. ОН, навистина, е Зналец и Мудар
О Господаре мој, веќе ми даде власт и ме поучи Во толкувањето на настаните, Творителу на небесата и на Земјата, Ти си мојот Заштитник и на овој свет и на МАхирет. Кога ќе определиш да умрам нека умрам како Послушен и соедини ме со добрите
Ете, тоа се дел од кажувањата за тајната кои Ние ти ги објавуваме, и ти не беше кај нив кога заеднички се согласија за работата нивна - но, токму, беа сплеткари
И пред тебе Ние само луѓе испраќавме, меѓу жителите на населбите, и објава им објавувавме. Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив? Куќата ахиретска, секако, е подобра за оние кои се богобојазливи. Нема ли да се вразумите
Кога пејгамберите очајуваа и мислеа "Дека ќе бидат прогласени за лашковци, токму, тогаш им доаѓаше помошта Наша и, тогаш, Ние избавувавме кого сакавме, а казната Наша не го избегнуваше народот насилНИЧКИ
Во кажувањата нивни има ибрет за даруваните со разбир. Тоа не е говор измислен, туку тоа е Потврда за она што беше пред него, и потенко објаснување за сите нешта, и Патокази Милост за народот вернички