Back to Languages

Macedonian - Chapter 12 - Yusuf

Translation by Sheikh Hassan Gilo — Permalink

Verse 1 — Surah Yusuf 12:1

Елиф, лам, ра! Еве, ајети од Книгата јасна

Verse 2 — Surah Yusuf 12:2

Ние го објавивме, навистина, Кур"анот на арапски за да сфатите

Verse 3 — Surah Yusuf 12:3

И Ние ти ги кажуваме најубавите кажувања, објавувајќи ти го овој Кур"ан, иако пред него беше мегу невнимателните

Verse 4 — Surah Yusuf 12:4

И кога Јусуф му рече на бабо му: “О бабо, во сон ВИДОВ, навистина, единаесет звезди, И Сонцето и Месечината како ми се поклонуваат

Verse 5 — Surah Yusuf 12:5

Бабо му рече: “О синко, не кажувај го сонот твој на браќата твои, зашто ќе ти направат некаква сплетка. Шејтанот, навистина, е отворен непријател за човекот

Verse 6 — Surah Yusuf 12:6

Ете, така Господарот твој ќе те одбере и ќе те поучи во толкувањето на настаните и ќе го надополни благодатот Свој врз тебе, и врз семејството на Јакуб онака како што го усоврши на твоите предци, пред тебе, на Ибрахим и на Исхак. Господарот твој, навистина, е Зналец и Мудар

Verse 7 — Surah Yusuf 12:7

И при Јусуфа и при браќата негови има, секако, знаменија за прашувачите

Verse 8 — Surah Yusuf 12:8

кога оние рекоа: “Да, Јусуф и брат му се помили кај бабо ни, а ние сме, навистина, дружина, и бабо ни, секако, е во заблуда јасна

Verse 9 — Surah Yusuf 12:9

Убијте го Јусуфа или изгонете го во некоја земја. Лицето од бабо ВИ кон вас ќе биде управено и ќе бидете, по него, добар народ

Verse 10 — Surah Yusuf 12:10

И еден меѓу говорниците нивни рече: “Не убивајте го Јусуфа, туку фрлете го, ако веќе. тоа го правите, во дното на бунарот, па ќе си го земе некој. караван

Verse 11 — Surah Yusuf 12:11

екоа: “О бабо наш, зошто немаш доверба во нас за Јусуф? Ние него, навистина, само ќе го советуваме

Verse 12 — Surah Yusuf 12:12

Испрати го утре со нас во прошетка да се поигра. Навистина, ќе го чуваме

Verse 13 — Surah Yusuf 12:13

Тој рече: “Да,загрижен сум да не го одведете и се плашам да не го изеде волк кога не ќе му обрнете внимание

Verse 14 — Surah Yusuf 12:14

ие рекоа: “Па, како ќе го изеде волк: ние сме дружина голема, навистина! И така сигурно би биле поразени

Verse 15 — Surah Yusuf 12:15

бидејќи го одведоа се согласија да го фрлат на дното од еден бунар. И тука Ние му објавивме: “Ти, навистина, ќе им донесеш, во врска со работата нивна, вести за ова. И тие не ќе препознаат

Verse 16 — Surah Yusuf 12:16

И дојдоа браќата на Јусуф кај бабо им ноќе, плачејќи

Verse 17 — Surah Yusuf 12:17

и рекоа: “О бабо наш, ние бевме отишле да се наттрчуваме И го оставивме Јусуфа да ни ги чува стварите, па го изеде волк. Е, па, нема ли да ни поверуваш; искрени сме, навистина

Verse 18 — Surah Yusuf 12:18

ја донесоа кошулата негова со лажна крв. Рече: “Не, во душите ваши најдовте нешто што ве радува. Е, само колку е убава трпеливоста! ОД Аллах барам помош за она што го опишувате

Verse 19 — Surah Yusuf 12:19

И дојде караван меден. Го испратија водоносецот по вода. Овој ја спушти кофата. Рече: “Каква радост; еве дете!" И го сокрија како стоката трговска. Аллах го знае она Што го работат

Verse 20 — Surah Yusuf 12:20

го продадоа за евтина цена: само за износ од неколку дирхеми. И со тоа беа задоволНИ

Verse 21 — Surah Yusuf 12:21

оној што го купи, од Мисир, А рече на жена му: “Направи го пријатен престојот негов: можеби ќе ни биде од корист или, пак, ќе го посиниме." И ете, така, Ние го сместивме Јусуфа во таа земја и го поучивме во толкувањето на соновите. Аллах е Победник со наредбата Своја, Но МНОзинството на луѓето не знаат

Verse 22 — Surah Yusuf 12:22

И бидејќи порасна Ние му дадовме и мудрост и знаење. И ете, така ги наградуваме доброчинителите

Verse 23 — Surah Yusuf 12:23

И настојуваше да го привлече кон себе, онаа во чија куќа беше. тој, и ги миспозатвора вратите, и рече: “Приближи се!" Јусуф рече: “Аллах да ме сочува, газдата мој, навистина, престојот ми го направи убав. Да, зулумќарите нема да бидат спасени

Verse 24 — Surah Yusuf 12:24

И таа, секако, покажа желба за него. А тој да не го видеше доказот од Господарот свој ќе покажеше желба за неа. Ете, така Ние од него го отсранивме лошото и срамното дело. ОН, навистина, е меѓу робовите НаШИ ЧИСТИ

Verse 25 — Surah Yusuf 12:25

двајцата потрчаа кон вратата. И таа ја искина кошулата негова одзади. И го сретнаа мажот ќ на вратата, и таа рече: “Каква е казната за оној кој сака да ја обесчести жената твоја, освен да се затвори или болно да се казни

Verse 26 — Surah Yusuf 12:26

Јусуф рече: “Таа сакаше да ме привлече кон неа." И еден сведок, тогаш, при семејството нејзино вака посведочи: “Ако кошулата негова е иИскината однапред, во право си, а Јусуф, тогаш, би лажел

Verse 27 — Surah Yusuf 12:27

А ако кошулата негова е искината одзади, таа не е во право, а тој е искрен

Verse 28 — Surah Yusuf 12:28

И бидејќи ја виде кошулата негова искината одзади, рече: “Ова е една од вашите сплетки. А сплетките нивни се големи, навистина

Verse 29 — Surah Yusuf 12:29

Јусуф, занемари го ова! А ти, жено, побарај прошка за твојот грев. "Ти си, навистина, меѓу грешниците

Verse 30 — Surah Yusuf 12:30

И жените по градот говореа: “Жената на величеството негово посака да го привлече кон себе своето момче. Многу се вњубила во него. Ние сметаме дека таа е скршната во заблуда јасна, навистина

Verse 31 — Surah Yusuf 12:31

И бидејќи слушна збораници, испрати човек по жените, И ИМ подготви дивани. На секоја ОД нив И даде нож, и рече: “Излези пред нив!" И бидејќи го видоа, се зачудија и ги испосекоа прстите, и рекоа: “Аллах да сочува, ова не е човек; ова е мелек благороден

Verse 32 — Surah Yusuf 12:32

Таа рече: “Ете, тоа е она за што ме озборувавте. Посакав да го привлечам кон себеси па се воздржа. И ако не го направи она што му го мнаредувам, секако, ќе го фрлам в затвори ќе биде меѓу понизените

Verse 33 — Surah Yusuf 12:33

тој рече: “Господаре мој, затворот ми е помил од она кон што оние ме повикуваат. Ако не ме сочуваш од сплетките нивни ќе ми се појави желба кон ниви ќе бидам, тогаш, меѓу незнајковците

Verse 34 — Surah Yusuf 12:34

Па, му се озва Господарот негов, и го сочува од сплетката нивна. Он, навистина, е Слушач И Зналец

Verse 35 — Surah Yusuf 12:35

Потоа веднаш видоа знаменија, и им се причини дека најубаво е за едно време определено да го фрлат в затвор

Verse 36 — Surah Yusuf 12:36

Во затворот со него влегоа уште две момчиња. Едното рече: “Јас сонував, навистина, дека цедам вино, а другото, пак, рече: “Јас сонував, навистина, како носам над главава леб што го клукаа птиците." Објасни ни го значењето нивно! Гледаме дека си, навистина, меѓу доброчинителите

Verse 37 — Surah Yusuf 12:37

Јусуф рече: “Не ќе ви дојде ниедна храна која ја јадете а да не ве известам за нејзиното значење пред да ви дојде. Гоа е она со што ме поучи Господарот мој. Да, јас ја оставив верата на народот кој не веруваше во Аллах и кој не го признаваше :Ахирет

Verse 38 — Surah Yusuf 12:38

Ја следам верата на моите предци: Ибрахим, Исхак, Јакуб. Не ни доликува ништо да Му здружуваме на Аллах. Ете, тоа е од добрината Аллахова кон нас И КОН луѓето, НО МНОЗИНСТВОТО меѓу луѓето не се заблагодаруваат

Verse 39 — Surah Yusuf 12:39

другари мои затворски, кој е подобар: расфрлени божества или еден Аллах, Моќен

Verse 40 — Surah Yusuf 12:40

Оние кои ги обожавате освен Аллах се само имиња кои им ги дадовте, вие и предците ваши; затоа Аллах не ви објави никаков доказ. Пресудата е само Аллахова. Ви нареди само Него да Го обожавате. Е, тоа е постојаната вера, но мнозинството меѓу луѓето не знаат

Verse 41 — Surah Yusuf 12:41

другари мои затворски, еден од вас Господарот ќе го напие со вино, а другиот ќе го распне и птиците ќе јадат од главата негова. Така е одредена судбината за која барате одговор

Verse 42 — Surah Yusuf 12:42

И Јусуф му рече на едниот за кого мислеше дека ќе биде спасен:“Спомени ме при господарот твој. Шејтанот, меѓутоа, направи да заборави да го спомене кај господарот свој И заради тоа остана в затвор уште неколку години

Verse 43 — Surah Yusuf 12:43

И владарот рече: “Јас сонував, навистина, седум крави дебели како ги јадат седум крави слаби и седум класја зрели и други седум суви. О големци, протолкувајте ми го сонот мој ако толкувате сонови

Verse 44 — Surah Yusuf 12:44

Рекоа:“Матни сонови! Ние не знаеме да ги објаснуваме соновите

Verse 45 — Surah Yusuf 12:45

оној од двајцата, кој се спаси, кој се сети по дружењето со Јусуф, рече: “Јас ќе ви го изнесам значењето: само испратете ме

Verse 46 — Surah Yusuf 12:46

“О Јусуф, о пријателу! Протолкувај ни што значат седум крави слаби да јадат седум крави дебели и седум класја зрели и други седум класја суви, за да се вратам кај луѓето и за да знаат што е тоа

Verse 47 — Surah Yusuf 12:47

Рече:“Седум години ќе сеете без прекин. И она што ќе го пожнеете оставете го во класјето, освен малку со што ќе се храните

Verse 48 — Surah Yusuf 12:48

Потоа ќе настапат седум Тешки ГОДИНИ ВО КОИ ќе го потрошат она што го збиравте за нив, освен малку од се она со што ќе се храните

Verse 49 — Surah Yusuf 12:49

Потоа ќе дојдат години во кои на луѓето ќе им паѓа дожд и во тие години луѓето ќе цедат од плодовите

Verse 50 — Surah Yusuf 12:50

И владарот рече: “Доведете ми го!" И бидејќи пратеникот му дојде, рече: “Врати му се на господарот твој и прашај го што се случи со жените кои ги испосекоа рацете нивни. Господарот мој, навистина, ги знае сплетките нивни

Verse 51 — Surah Yusuf 12:51

Владарот рече: “Што е, токму, со вас? Зошто сакавте да го привлечете Јусуфа кон вас?" Рекоа: “Аллах да чува, ние ништо лошо за него не знаеме." И жената на моќникот рече: “Вистината сега излезе на виделина. Јас посакував, токму, да го привлечам, но он, навистина, е меѓу искрените

Verse 52 — Surah Yusuf 12:52

ете, нека знае дека, навистина, не го изневерив тајно. И МДллах, секако, не ја управува сплетката на изневерителите

Verse 53 — Surah Yusuf 12:53

ас, меѓутоа, не се оправдувам. Душата, навистина, е наклонета кон злото, освен ако не И се смилува Господарот мој. Господарот мој, „навистина, е Простувач и Сомилосен

Verse 54 — Surah Yusuf 12:54

И владарот рече: “Доведете го кај мене, ќе го изберам за свој придружник." И бидејќи разговараше со него, рече: “Ти денес кај нас имаш сигурно место

Verse 55 — Surah Yusuf 12:55

Јусуф рече: “Одреди ме да ги чувам ризниците во земјава. Јас сум, навистина, познат чувар

Verse 56 — Surah Yusuf 12:56

И ете, така Ние на Јусуф му дадовме посебно место на земјата. И се исели на неа таму каде што сакаше. Со милоста Наша Ние наградуваме кого сакаме, а наградата на доброчинителите не ја намалуваме

Verse 57 — Surah Yusuf 12:57

А наградата на Ахирет е подобра за оние кои веруваа и кои беа богобојазливи

Verse 58 — Surah Yusuf 12:58

И дојдоа браќата на Јусуфи влегоа кај него. И тогаш тој ги препозна а тие него не го препознаа

Verse 59 — Surah Yusuf 12:59

И бидејќи ги снабди со делот нивни, рече: “Доведете го кај мене вашиот брат по бабо. Не гледате ли дека јас, навистина, мерам праведно И дека јас сум најдобар угостувач

Verse 60 — Surah Yusuf 12:60

Па, ако не го доведете нема да ви мерам и повеќе нема да ми се приближувате

Verse 61 — Surah Yusuf 12:61

Рекоа: “Ќе настојуваме да го одвратиме од него бабо му; и, секако, тоа ќе го направиме

Verse 62 — Surah Yusuf 12:62

Јусуф тим рече на момчињата:“Погледнете ги нивните покуќнини во товарите нивни; можеби, кога ќе им се вратат на семејствата, ќе ги препознаат; можеби пак ќе се вратат

Verse 63 — Surah Yusuf 12:63

бидејќи се вратија кај бабо им, рекоа: “О бабо наш, ние нема да добиеме повеќе храна. Испрати го, тогаш, брат НИ со нас. Со него сигурно ќе добиеме храна. И сигурно ќе го чуваме

Verse 64 — Surah Yusuf 12:64

Бабо им рече: “Да ви го доверам ли онака како што ви го доверив брат му порано? Па, Аллах е најдобриот чувар! И меѓу милостивите, токму, е НајМИЛОСТИВИОТ

Verse 65 — Surah Yusuf 12:65

И бидејќи го отворија товарот, видоа како покуќнините НИВНИ се вратени, и рекоа: “О бабо наш, што ни треба повеќе? Овие наши покуќнини НИ се вратија; ќе ги снабдиме семејствата наши, И ќе го чуваме брат ни, и ќе добиеме повеќе од еден камилски товар, - тоа е товар незначителен

Verse 66 — Surah Yusuf 12:66

Тој рече: “Нема да го испратам со вас, сигурно, додека не ми дадете заклетва, која ќе се поптира врз Аллах дека ќе ми го вратите, освен ако не настрадате. И бидејќи му дадоа заклетва, рече: “Аллах е Закрилник за она што го зборуваме

Verse 67 — Surah Yusuf 12:67

И рече: “О синови мои, не влегувајте низ една порта, туку влегувајте низ различни порти. Јас немам никаков удел во она што Виго одредува Аллах. Пресудата, навистина, е - Аллахова! Врз Него се потпирам и врз Него се потпираат они кои, токму, се потпираат

Verse 68 — Surah Yusuf 12:68

И бидејќи влегоа отаде од каде што им заповеда бабо им, ништо за нив не беше остварено од страна на МААллах, освен потребата во душата на Јакуб која ја оствари; Јакуб беше зналец бидејќи Ние го поучивме, навистина, но МНОЗИНСТВОТО На луѓето не знаат

Verse 69 — Surah Yusuf 12:69

И бидејќи влегоа кај Јусуф, го привлече Јусуф брат му кон себе, и рече: “Да, јас сум брат ти, И не жалости се за она Што го направија

Verse 70 — Surah Yusuf 12:70

И бидејќи ги снабди со она што требаше да ги снабди, стави еден сад за мерење во товарот од брат му. Потоа, еден возгласник возгласи: “О каравану, вие сте, навистина, крадци

Verse 71 — Surah Yusuf 12:71

оние, враќајќи им се, рекоа: “Што барате

Verse 72 — Surah Yusuf 12:72

Рекоа: “Го бараме садот од владарот, а оној што ќе го донесе ќе добие товар камилски. За тоа јас ветувам

Verse 73 — Surah Yusuf 12:73

Рекоа:“Се колнеме во Аллах! Бие знаете дека не дојдовме да правиме безредие во земјава и, секако, не сме крадци

Verse 74 — Surah Yusuf 12:74

Ги прашаа: “Каква ќе му биде казната ако лажете?“

Verse 75 — Surah Yusuf 12:75

Одговорија: “Казната негова е кај оној во чиј товар ќе се најде - па, тоа е казната негова. Ете, така Ние ги казнуваме зулумќарите

Verse 76 — Surah Yusuf 12:76

тогаш Јусуф почна со вреќите нивни пред да почне со вреќата од брат му, и го извади садот од вреќата на брат му. Ете, со таква итрина Ние го поучивме Јусуфа. Јусуф не можеше, според законот на владарот, да го земе брат му како роб, освен ако не сака Аллах. Кого сакаме Ние на степени го воздигнуваме. И над секое знаење има зналец

Verse 77 — Surah Yusuf 12:77

Гие рекоа: “Ако тој украде, украде и брат му пред него." И тоа Јусуф го премолчи во себеси, и не им го обелодени, велејќи си: “Вие сте во полоша состојба, а Аллах најдобро го знае она што вие го опишувате

Verse 78 — Surah Yusuf 12:78

Тие рекоа: “О величество, тој, навистина, има стар бабо, во ГОДИНИ е, па земи еден од нас наместо него. Гледаме дека си меѓу доброчинителите

Verse 79 — Surah Yusuf 12:79

Тој рече: “Аллах да сочува ОД тоа да земеме друг а не овој во чиј товар го најдовме садот. Тогаш, навистина, би биле зулумќари

Verse 80 — Surah Yusuf 12:80

И бидејќи изгубија надеж во него, се одвоија насамо. Најстариот од нив рече: “Не знаете ли дека бабо од вас побара заклетва, да се заколнете во Аллах? И порано Јусуфа го упропастивте. Нема да ја напуштам земјава се додека не МИ ДОЗВОЛИ бабо ми или, пак, додека не ми пресуди Аллах. А меѓу судиите ОН е Најдобриот

Verse 81 — Surah Yusuf 12:81

Вратете се кај бабо ви, па кажете: - О бабо наш, твојот син, навистина, украде. И го сведочиме само она Што го знаеме и ние, навистина, не сме чувари на тајната

Verse 82 — Surah Yusuf 12:82

Прашај ја населбата во која отседнавме и караванот со кој дојдовме. Ние сме, навистина, искрени

Verse 83 — Surah Yusuf 12:83

Јакуб рече: “Не, во душите ваши произлезе нешто лошо. Па, трпеливоста е убава! Можеби Аллах сите ќе ми ги врати. Он, навистина, е Н:Зналец И Мудар

Verse 84 — Surah Yusuf 12:84

И ги сврте плеќите и рече: “О Јусуф, о таго моја!" И му побелеа очите од грижа. Но, сепак, се совлада

Verse 85 — Surah Yusuf 12:85

Синовите му рекоа: “Се колнеме во Аллах! Ако не престанеш да се сеќаваш на Јусуф, или ќе се ИСТОШТИШ ИЛИ Ќе се упропастиш

Verse 86 — Surah Yusuf 12:86

А тој рече: “И тагата моја и жалоста моја Му ги изнесувам на Аллах. И од Аллах го знам она што вие не го знаете

Verse 87 — Surah Yusuf 12:87

О синови мои, одете и распрашајте се за Јусуф и за брат му, па, не очајувајте во милоста Аллахова. Во милоста Аллахова очајуваат, навистина, само неверниците

Verse 88 — Surah Yusuf 12:88

И бидејќи влегоа кај него, рекоа: “О величество, штета не погоди, нас и семејствата наши, И ете, така, дојдовме со трговска стока отпадна. Па, дај ни полна мера и дај ни милосрдие. Аллах, навистина, ги наградува милосрдниците!“

Verse 89 — Surah Yusuf 12:89

Јусуф рече: “Па, го знаете ли она што го направивте со Јусуф и брат му, кога не знаевте

Verse 90 — Surah Yusuf 12:90

Гие рекоа: “Ти ли си Јусуф, навистина?“ Јусуф рече: “Јас сум Јусуф, а ова е брат ми. Да, Аллах ни даде предност." Оној кој е богобојазлив и трпелив... па, Аллах, навистина, не ја намалува наградата на доброчинителите

Verse 91 — Surah Yusuf 12:91

Тие рекоа: “Се колнеме во Аллах дека, навистина, те одликува над нас и ние згрешивме, сигурно

Verse 92 — Surah Yusuf 12:92

Тој рече: “Денес нема прекор за вас. Аллах ви простува. А меѓу милостивите Он е НајмилоСТИВИОТ

Verse 93 — Surah Yusuf 12:93

Земете ја оваа моја кошула и фрлете ја на лицето од бабо ми, и така, ќе му се врати видот, и донесете ми го сето семејство ваше

Verse 94 — Surah Yusuf 12:94

И бидејќи караванот отпатува, бабо им рече: “Да, јас го чувствувам мирисот на Јусуф. И не кажувајте му дека Јјас обнеможев

Verse 95 — Surah Yusuf 12:95

Рекоа: “Се колнеме во Аллах! Ти си скршнат во заблуда поранешна

Verse 96 — Surah Yusuf 12:96

И бидејќи дојде радосникот, ја фрли кошулата на неговото лице, и тогаш ете, му се врати видот. Рече: “Нели ви кажав дека јас го знам од Аллах она што вие, секако, не го знаете

Verse 97 — Surah Yusuf 12:97

Рекоа: “О бабо наш, барај прошка за гревовите наши, ние, навистина, згрешивме

Verse 98 — Surah Yusuf 12:98

Рече: “Ќе побарам прошка за вас од Господарот мој. ОН, навистина, е Простувач и Сомилосен

Verse 99 — Surah Yusuf 12:99

И бидејќи влегоа кај Јусуф, ги привлече при себеси родителите свои, и рече: “Влезете во Мисир, ако Аллах сака, сигурни

Verse 100 — Surah Yusuf 12:100

И ги постави родителите свои на престолот и сите кои беа тука му се поклонија. И тој рече: “О бабо мој, ова е толкувањето на мојот сон од порано. Аллах определи тој да се овистини. Да, Аллах ми направи добро со тоа што ме извлече од затворот и затоа што нвас ве доведе Од пустина. И тоа по вмешувањето на Шејтанот меѓу мене и меѓу браќата мои. Господарот мој, навистина, е Чувствителен кон оној кон кого Он сака. ОН, навистина, е Зналец и Мудар

Verse 101 — Surah Yusuf 12:101

О Господаре мој, веќе ми даде власт и ме поучи Во толкувањето на настаните, Творителу на небесата и на Земјата, Ти си мојот Заштитник и на овој свет и на МАхирет. Кога ќе определиш да умрам нека умрам како Послушен и соедини ме со добрите

Verse 102 — Surah Yusuf 12:102

Ете, тоа се дел од кажувањата за тајната кои Ние ти ги објавуваме, и ти не беше кај нив кога заеднички се согласија за работата нивна - но, токму, беа сплеткари

Verse 103 — Surah Yusuf 12:103

И колку да посакуваш, мнозинството меѓу луѓето не се верници

Verse 104 — Surah Yusuf 12:104

И ти не бараш од нив награда за тоа. Гоа е само Опомена за световите

Verse 105 — Surah Yusuf 12:105

И колку има знаменија на небесата и на Земјата? Поминуваат крај нив а тие, ете, се рамнодушни

Verse 106 — Surah Yusuf 12:106

Мнозинството од НИВ Не веруваат во Аллах: многубошци се, навистина

Verse 107 — Surah Yusuf 12:107

Сигурни ли се дека нема да им дојде неволја од казната на Аллах или да не им дојде Часот одненадеж а да не усетат

Verse 108 — Surah Yusuf 12:108

Кажи: “Ова е патот мој. Јас повикувам кон Аллах. При мене И при оној кој ме следи е јасен поглед. Нека е славен Аллах! Јас не сум меѓу многубошците

Verse 109 — Surah Yusuf 12:109

И пред тебе Ние само луѓе испраќавме, меѓу жителите на населбите, и објава им објавувавме. Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив? Куќата ахиретска, секако, е подобра за оние кои се богобојазливи. Нема ли да се вразумите

Verse 110 — Surah Yusuf 12:110

Кога пејгамберите очајуваа и мислеа "Дека ќе бидат прогласени за лашковци, токму, тогаш им доаѓаше помошта Наша и, тогаш, Ние избавувавме кого сакавме, а казната Наша не го избегнуваше народот насилНИЧКИ

Verse 111 — Surah Yusuf 12:111

Во кажувањата нивни има ибрет за даруваните со разбир. Тоа не е говор измислен, туку тоа е Потврда за она што беше пред него, и потенко објаснување за сите нешта, и Патокази Милост за народот вернички