Back to Languages

Macedonian - Chapter 13 - Ar-Rad

Translation by Sheikh Hassan Gilo — Permalink

Verse 1 — Surah Ar-Rad 13:1

Елиф, лам, ра! Ете Книга со ајети кои ти се објавуваат од Господарот твој, вистина; но, мнозинството на луѓето не веруваат

Verse 2 — Surah Ar-Rad 13:2

Аллах е Оној кој ги подигна небесата, како што гледате, без столбови. Потоа се утврди на Аршот. И ги потчини и Сонцето и Месечината. Се тече до рок определен. Он управува со наредбата и Он потенко ги објаснува ајетите за да се уверите во средбата со Господарот ваш

Verse 3 — Surah Ar-Rad 13:3

И Он ја растегна земјата, И на неа постави И планини и реки. И Он од секој плод создаде пар. Он прави ноќта да го покрие денот. И ете, во тоа, навистина, знаменија за луѓето кои размислуваат

Verse 4 — Surah Ar-Rad 13:4

И по земјата има предели кои се граничат, и бавчи со грозје, и ниви, и урми бујни и небујни. И впивајќи една иста вода. Во поглед на вкусот, Ние на едни им даваме предност над други. И ете, во тоа, навистина, знаменија за луѓето кои сфаќаат

Verse 5 — Surah Ar-Rad 13:5

А како се чудиш? Па, чудни се, всушност, зборовите нивни: “Ке бидеме ли одново создадени кога ќе станеме земја?" Овие не веруваат во Господарот свој. На вратовите нивни ќе има синџири. Овие се жители на огнот и во него за навек ќе останат

Verse 6 — Surah Ar-Rad 13:6

И оние од тебе бараат да им побрзаш со злото отколку со доброто. И пред нив имаше такви примери. Господарот твој, секако, е милосно наклонет кон луѓето во поглед на зулумот нивни. Господарот твој, навистина, е Силен Казнувач

Verse 7 — Surah Ar-Rad 13:7

Оние кои не веруваат, велат: “Зошто не му се објавува знамение од Господарот негов?" Ти си само опоменувач. Секој народ има упатувач

Verse 8 — Surah Ar-Rad 13:8

Аллах го знае она што го НОСИ секоја жена, И она што утробите го впиваат во себе и она што го зголемуваат. За секоја работа кај Него има мера

Verse 9 — Surah Ar-Rad 13:9

Зналец на видливото И на невидливото. Преголем и Превишен

Verse 10 — Surah Ar-Rad 13:10

Меѓу вас еднакви се кај Него оној кој тајно зборува и оној кој тоа го разгласува, оној кој се крие ноќе и оној кој оди дење

Verse 11 — Surah Ar-Rad 13:11

секој од вас, пред него ИЛИ зад него, има деноноќни мелеки кои бдеат врз него, по наредбата "Аллахова. "Аллах, навистина, нема да ја измени ситуацијата на еден народ се додека тој народ не се измени самиот себеси. Ако Аллах сака да му нанесе зло на еден народ нема никој што може да му се спротистави. И за нив освен Аллах нема друг заштитник

Verse 12 — Surah Ar-Rad 13:12

Он ви ја покажува молњата да се уплашите или, пак, да се надевате, и Он создава облаци тешки

Verse 13 — Surah Ar-Rad 13:13

татнежот Го велича со благодарноста своја, а И мелеките, плашејќи се од Него; и Он испраќа громови И со НИВ Го погаѓа оној кого ОН сака, а оние, токму, расправаат за Аллах! А Аллах е Силен и Итар

Verse 14 — Surah Ar-Rad 13:14

Молбата вистинска е Негова. Оние кои се молат на други, освен Нему, не ќе имсе озвијат, за што било. Како оној е кој ќе ги подаде дланките свои кон водата за да ја дофати,а таа не стига до устата негова. Молбите на неверниците се заЛУДНИ

Verse 15 — Surah Ar-Rad 13:15

на Аллах Му се поклонува се она што е на небесата и на Земјата, доброВОЛНО или присилно. И сенките НИВНИ, исто така, претпладне или попладне

Verse 16 — Surah Ar-Rad 13:16

Кажи: “Кој е Господар на небесата и на Земјата?" Кажи: “Аллах!" Кажи: “Па, ќе прифатете ли, освен Аллах, заштитници кои не можат за себеси да направат ни корист ни штета?" Кажи: “Еднакви ли се оној кој гледа и оној кој не гледа? Или: Еднакви ли се темнината и светлината? Или: Му припишуваат ли на Аллах здруженици кои создаваат како што ОН создава, па создавањето им се чини слично?“ Кажи: “Аллах е Творител на се. Он е Единствен и Силен

Verse 17 — Surah Ar-Rad 13:17

Оној кој спушта вода од небо, и пороите потечуваат по мера на нивната моќ, И поројот ги фрла по краиштата отпадоците. И она што го топат во оган, сакајќи да направат накит или предмет, исто така, има отпадоЦИ кои се на нив слични. Ете, така Аллах ви донесува пример на вистина и невистина: отпадокот се фрла, а она што им користи на луѓето, останува на земјата. Ете, така Аллах ви ги изнесува примерите

Verse 18 — Surah Ar-Rad 13:18

за оние кои ќе Му се озвијат на Господарот свој има награда, а за оние кои не ќе Му се озвијат - и кога би го поседувале се она што е на земјата, и уште толку, не ќе ја откупат за нив подготвената зла пресметка, и престојувалиштето нивно е - Џехеннемот. Е, само колку е лоша таа постела

Verse 19 — Surah Ar-Rad 13:19

па, зарем оној кој знае дека она што ти е објавено од страна на Господарот твој, навистина, е како оној кој е слеп? Се сеќаваат само даруваните со разбир

Verse 20 — Surah Ar-Rad 13:20

Оние кои го одржуваат ветувањето кон Аллах и кои не го прекршуваат Договорот

Verse 21 — Surah Ar-Rad 13:21

оние кои не се одвојуваат од она што го нареди Аллах, кои се стамени, врз тоа; се плашат од Господарот свој и стравуваат од злата пресметка

Verse 22 — Surah Ar-Rad 13:22

И кои се трпеливи: се стремат кон лицето на Господарот свој, намаз извршуваат и делат, било јавно било тајно, од “рскот што Ние им го дадовме; го заменуваат лошото со добро... за нив има убав Дом

Verse 23 — Surah Ar-Rad 13:23

бавчи еденски Во КОИ Ќе влезат со предците нивни, со | оние кои беа добри, жените | НИВНИ И потомството НИВНО... И мелеките ќе им влегуваат Од сите врати

Verse 24 — Surah Ar-Rad 13:24

“Селамун алејкум! Зашто бевте трпеливи. Е, само колку е благословен овој Конечен дом

Verse 25 — Surah Ar-Rad 13:25

оние кои не се придржуваат кон ветувањето по договорот склучен со Аллах, и кои се одвојуваат од она што го нареди Аллах да се почитува, и кои не се врз тоа, И кои прават безредие по земјата... врз нив е проклетството и за нив има лоша Куќа

Verse 26 — Surah Ar-Rad 13:26

Аллах дава и одредува нафака кому сака, Они скратува; и се радуваат за животот на овој свет. А што е, всушност, животот на овој свет во однос на Ахирет? Па, само минливо уживање

Verse 27 — Surah Ar-Rad 13:27

Оние кои не веруваат, велат: “И зошто не му беше објавен еден ајет од Господарот негов?“ Кажи: “Аллах, навистина, скршнува во заблуда кого сака и Он го упатува кон себе покајникот

Verse 28 — Surah Ar-Rad 13:28

Оние кои веруваат, со споменувањето на Аллах, ги смируваат срцата свои. А срцата се. смируваат, навистина, со споменувањето на Аллах

Verse 29 — Surah Ar-Rad 13:29

Оние кои веруваат и кои работат добри дела... блазе си им! За нив има убаво прибежиште

Verse 30 — Surah Ar-Rad 13:30

ете, така Ние те испративме во една заедница пред која беа и поминаа заедници многу за да им го кажуваш она што тебе ти го објавивме зашто оние, токму, не веруваат во Милостивиот. Кажи: “Он е Гос-. подарот мој. Нема друг богосвен Него; врз Него се потпирам и од Него барам прошка

Verse 31 — Surah Ar-Rad 13:31

кога со Кур"анот брдата би можеле да се поместат, а земјата да се распарча, а мртвите да проговорат.. не, наредбата за се е - Аллахова, И зарем оние кои веруваат не знаат дека ако Аллах посакаше ќе ги упатеше сите луѓе! Но, оние кои не веруваа постојано ги снаоѓа, за она што го правеа, несреќа, ненадејно, или, пак, ќе се збидне во близина на нивните домови се додека не дојде ветувањето Аллахово. Аллах, навистина, не го изневерува ветувањето

Verse 32 — Surah Ar-Rad 13:32

оние пред тебе, секако, им се исмеваа на пејгамберите... Та, Ние неверниците ги оставивме до едно време одредено а потоа ги засегнавме. Е, само каква беше таа казна

Verse 33 — Surah Ar-Rad 13:33

Зарем на Оној кој бдее врз секоја душа - во она што таа ќе го шспечали, Аллах - оние здруженици "Му здружуваат? Кажи: “Именувајте ги!" Или вие Го известувате дека има нешто на земјава што Он не го знае? Или, пак, тоа е ваше површно зборување? Не, на оние кои не веруваат им изгледаат убави сплетките нивни, и одвраќаат од патот. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, тој нема свој упатувач

Verse 34 — Surah Ar-Rad 13:34

За нив има казна во животот на овој свет, а казната на Ахирет, секако, е потешка, и за НИВ, освен Аллах, нема покровител

Verse 35 — Surah Ar-Rad 13:35

Таков е ШЦеннетот кој е ветен за богобојазливите. Низ него течат реки, и плодовите неГОВИ се вечни И сенките негови се вечни. Ете, тоа е крајот на оние кои беа богобојазливи, а крајот на оние кои не веруваа е ОГНОТ

Verse 36 — Surah Ar-Rad 13:36

оние на кои Ние им дадовме Книга се радуваат за она што ти е објавено. Меѓу дружините, меѓутоа, има луѓе КОИ еден дел од Книгата не го признаваат. Кажи: “Мене ми е наредено, навистина, само Аллаха да го обожавам и да не Му припишувам здруженик. Кон Него повикувам! И само кон Него е прибежиштето мое

Verse 37 — Surah Ar-Rad 13:37

ете, така Ние го објавивме на арапски како мудрост. И ако ги следиш желбите Нивни, по дојденото ти знаење, не ќе најдеш, освен Аллах, ни заштитник ни покровител

Verse 38 — Surah Ar-Rad 13:38

пред тебе, секако, Ние испративме пејгамбери, и им одредивме жени и потомства. И не е на пејгамберот, да донесе знамение без одобрението Аллахово. И секое време имаше Книга

Verse 39 — Surah Ar-Rad 13:39

Аллах укинува со посак Свој и утврдува, исто така. И кај Него е Мајката на Книгата

Verse 40 — Surah Ar-Rad 13:40

Било да ти покажеме дел од она што Ние го подготвивме за нив било да те усмртиме твое е, навистина, само да известиш, а Наше е да пресметаме

Verse 41 — Surah Ar-Rad 13:41

Не гледаат ли дека, навистина, Ние доведуваме до тоа да ја „скратуваме земјата од нејзините страни? Аллах пресудува, и нема Изменувач на Неговата пресуда. Оне Брз Пресметувач

Verse 42 — Surah Ar-Rad 13:42

И оние пред нив, секако, правеа сплетки. Па, Аллах е Господар за сите сплетки! ОН го знае она што го печали секоја душа, а неверниците ќе узнаат за Конечниот дом

Verse 43 — Surah Ar-Rad 13:43

оние кои не веруваат, велат: “Ти не си пејгамбер!" Кажи: “Меѓу мене и меѓу вас Аллах е доволен Сведок. И кај Него е, исто така, знаењето на Книгата