Аллах е Оној кој ги подигна небесата, како што гледате, без столбови. Потоа се утврди на Аршот. И ги потчини и Сонцето и Месечината. Се тече до рок определен. Он управува со наредбата и Он потенко ги објаснува ајетите за да се уверите во средбата со Господарот ваш
И Он ја растегна земјата, И на неа постави И планини и реки. И Он од секој плод создаде пар. Он прави ноќта да го покрие денот. И ете, во тоа, навистина, знаменија за луѓето кои размислуваат
И по земјата има предели кои се граничат, и бавчи со грозје, и ниви, и урми бујни и небујни. И впивајќи една иста вода. Во поглед на вкусот, Ние на едни им даваме предност над други. И ете, во тоа, навистина, знаменија за луѓето кои сфаќаат
А како се чудиш? Па, чудни се, всушност, зборовите нивни: “Ке бидеме ли одново создадени кога ќе станеме земја?" Овие не веруваат во Господарот свој. На вратовите нивни ќе има синџири. Овие се жители на огнот и во него за навек ќе останат
И оние од тебе бараат да им побрзаш со злото отколку со доброто. И пред нив имаше такви примери. Господарот твој, секако, е милосно наклонет кон луѓето во поглед на зулумот нивни. Господарот твој, навистина, е Силен Казнувач
секој од вас, пред него ИЛИ зад него, има деноноќни мелеки кои бдеат врз него, по наредбата "Аллахова. "Аллах, навистина, нема да ја измени ситуацијата на еден народ се додека тој народ не се измени самиот себеси. Ако Аллах сака да му нанесе зло на еден народ нема никој што може да му се спротистави. И за нив освен Аллах нема друг заштитник
татнежот Го велича со благодарноста своја, а И мелеките, плашејќи се од Него; и Он испраќа громови И со НИВ Го погаѓа оној кого ОН сака, а оние, токму, расправаат за Аллах! А Аллах е Силен и Итар
Молбата вистинска е Негова. Оние кои се молат на други, освен Нему, не ќе имсе озвијат, за што било. Како оној е кој ќе ги подаде дланките свои кон водата за да ја дофати,а таа не стига до устата негова. Молбите на неверниците се заЛУДНИ
Кажи: “Кој е Господар на небесата и на Земјата?" Кажи: “Аллах!" Кажи: “Па, ќе прифатете ли, освен Аллах, заштитници кои не можат за себеси да направат ни корист ни штета?" Кажи: “Еднакви ли се оној кој гледа и оној кој не гледа? Или: Еднакви ли се темнината и светлината? Или: Му припишуваат ли на Аллах здруженици кои создаваат како што ОН создава, па создавањето им се чини слично?“ Кажи: “Аллах е Творител на се. Он е Единствен и Силен
Оној кој спушта вода од небо, и пороите потечуваат по мера на нивната моќ, И поројот ги фрла по краиштата отпадоците. И она што го топат во оган, сакајќи да направат накит или предмет, исто така, има отпадоЦИ кои се на нив слични. Ете, така Аллах ви донесува пример на вистина и невистина: отпадокот се фрла, а она што им користи на луѓето, останува на земјата. Ете, така Аллах ви ги изнесува примерите
за оние кои ќе Му се озвијат на Господарот свој има награда, а за оние кои не ќе Му се озвијат - и кога би го поседувале се она што е на земјата, и уште толку, не ќе ја откупат за нив подготвената зла пресметка, и престојувалиштето нивно е - Џехеннемот. Е, само колку е лоша таа постела
па, зарем оној кој знае дека она што ти е објавено од страна на Господарот твој, навистина, е како оној кој е слеп? Се сеќаваат само даруваните со разбир
И кои се трпеливи: се стремат кон лицето на Господарот свој, намаз извршуваат и делат, било јавно било тајно, од “рскот што Ние им го дадовме; го заменуваат лошото со добро... за нив има убав Дом
бавчи еденски Во КОИ Ќе влезат со предците нивни, со | оние кои беа добри, жените | НИВНИ И потомството НИВНО... И мелеките ќе им влегуваат Од сите врати
оние кои не се придржуваат кон ветувањето по договорот склучен со Аллах, и кои се одвојуваат од она што го нареди Аллах да се почитува, и кои не се врз тоа, И кои прават безредие по земјата... врз нив е проклетството и за нив има лоша Куќа
Аллах дава и одредува нафака кому сака, Они скратува; и се радуваат за животот на овој свет. А што е, всушност, животот на овој свет во однос на Ахирет? Па, само минливо уживање
Оние кои не веруваат, велат: “И зошто не му беше објавен еден ајет од Господарот негов?“ Кажи: “Аллах, навистина, скршнува во заблуда кого сака и Он го упатува кон себе покајникот
ете, така Ние те испративме во една заедница пред која беа и поминаа заедници многу за да им го кажуваш она што тебе ти го објавивме зашто оние, токму, не веруваат во Милостивиот. Кажи: “Он е Гос-. подарот мој. Нема друг богосвен Него; врз Него се потпирам и од Него барам прошка
кога со Кур"анот брдата би можеле да се поместат, а земјата да се распарча, а мртвите да проговорат.. не, наредбата за се е - Аллахова, И зарем оние кои веруваат не знаат дека ако Аллах посакаше ќе ги упатеше сите луѓе! Но, оние кои не веруваа постојано ги снаоѓа, за она што го правеа, несреќа, ненадејно, или, пак, ќе се збидне во близина на нивните домови се додека не дојде ветувањето Аллахово. Аллах, навистина, не го изневерува ветувањето
оние пред тебе, секако, им се исмеваа на пејгамберите... Та, Ние неверниците ги оставивме до едно време одредено а потоа ги засегнавме. Е, само каква беше таа казна
Зарем на Оној кој бдее врз секоја душа - во она што таа ќе го шспечали, Аллах - оние здруженици "Му здружуваат? Кажи: “Именувајте ги!" Или вие Го известувате дека има нешто на земјава што Он не го знае? Или, пак, тоа е ваше површно зборување? Не, на оние кои не веруваат им изгледаат убави сплетките нивни, и одвраќаат од патот. А оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, тој нема свој упатувач
Таков е ШЦеннетот кој е ветен за богобојазливите. Низ него течат реки, и плодовите неГОВИ се вечни И сенките негови се вечни. Ете, тоа е крајот на оние кои беа богобојазливи, а крајот на оние кои не веруваа е ОГНОТ
оние на кои Ние им дадовме Книга се радуваат за она што ти е објавено. Меѓу дружините, меѓутоа, има луѓе КОИ еден дел од Книгата не го признаваат. Кажи: “Мене ми е наредено, навистина, само Аллаха да го обожавам и да не Му припишувам здруженик. Кон Него повикувам! И само кон Него е прибежиштето мое
ете, така Ние го објавивме на арапски како мудрост. И ако ги следиш желбите Нивни, по дојденото ти знаење, не ќе најдеш, освен Аллах, ни заштитник ни покровител
пред тебе, секако, Ние испративме пејгамбери, и им одредивме жени и потомства. И не е на пејгамберот, да донесе знамение без одобрението Аллахово. И секое време имаше Книга
Не гледаат ли дека, навистина, Ние доведуваме до тоа да ја „скратуваме земјата од нејзините страни? Аллах пресудува, и нема Изменувач на Неговата пресуда. Оне Брз Пресметувач
И оние пред нив, секако, правеа сплетки. Па, Аллах е Господар за сите сплетки! ОН го знае она што го печали секоја душа, а неверниците ќе узнаат за Конечниот дом