Back to Languages

Macedonian - Chapter 17 - Al-Isra

Translation by Sheikh Hassan Gilo — Permalink

Verse 1 — Surah Al-Isra 17:1

Славен нека биде Оној кој робот Свој ноќе го пренесе од Месџидул Харам до Месџидул Акса, чија околина Ние ја благословивме за да му покажеме некои од знаменијата Наши. Он, навистина, е Слушач и Гледач

Verse 2 — Surah Al-Isra 17:2

И на Муса Ние Книга му дадовме и ја определивме да биде Патоказ за синовите Израилови: “Не земајте, освен Мене, друг закрилник

Verse 3 — Surah Al-Isra 17:3

Потомци од оние кои ги товаривме со Нух. Он, навистина, беше роб благодарен

Verse 4 — Surah Al-Isra 17:4

во Книгата Ние на Синовите Израилови им определивме: “Вие ќе предизвикате на земјата безредие во два наврата, сигурно! И прекумера, нависоко ќе гледате

Verse 5 — Surah Al-Isra 17:5

Па, кога дојде ветувањето, она првото, против вас, Ние испративме робови Наши, силни И јаки, кои ги прегазија домовите. И ветувањето беше оствареНО

Verse 6 — Surah Al-Isra 17:6

Потоа Ние ви ја вративме силата против нив И ве поддржавме и со имотот и со синовите и броено ве зголемивме

Verse 7 — Surah Al-Isra 17:7

Ако направите добро, правите добро за себеси, а ако, пак, направите зло, правите за себеси. А кога дојде ветувањето друго Ние ги испративме за да се ужалат лицата ваши, и за да влезат во Храмот како што влегоа првпат, и целосно да го уништат она што ќе го заземат

Verse 8 — Surah Al-Isra 17:8

Господарот ваш, можеби, ќе ВИ прости. Ако вие почнувате И Ние почнуваме. Џехеннемскиот затвор Ние го определивме за неверниците

Verse 9 — Surah Al-Isra 17:9

Овој „Кур"ан, навистина, упатува кон она што е најисправно, и на верниците кои работат добри дела им донесува радосница дека за нив, секако, има награда голема

Verse 10 — Surah Al-Isra 17:10

А за оние кои не веруваат... на Ахирет, навистина, Ние ќе им подготвивме казна болна

Verse 11 — Surah Al-Isra 17:11

И човекот повикува кон зло како што повикува и кон добро. Човекот е претерано брз

Verse 12 — Surah Al-Isra 17:12

денот и ноќта Ние ги направивме две знаменија. Па, знамението ноќ го избришавме, и знамението ден го направивме очигледно за да барате добрина од Господарот ваш, и за да го знаете бројот на годините и сметањето. Па, секоја работа Ние потенко ја објаснивме

Verse 13 — Surah Al-Isra 17:13

за вратот на секој човек Ние ќе му го обесеме делото негово, и на Денот суден, Книгата со која ќе се сретне, ќе му ја извадиме отворена

Verse 14 — Surah Al-Isra 17:14

“Читај ја Книгата твоја; за тебе денес е доволно тоа што ќе полагаш сметка

Verse 15 — Surah Al-Isra 17:15

Оној кој ОДИ по патот вистиНСКИ, ОДИ по него, навистина, за себеси, а оној кој скршнува во заблуда, скршнува во заблуда, навистина, против себеси. И никако не ќе го носите бремето на другиот. И Ние не казнивме ниеден народ додека не му испративме пејгамбер

Verse 16 — Surah Al-Isra 17:16

Ние кога сакаме го уништуваме еден град, и ги оставаме раскошниците негови во разврат па се овистинува зборот против нив И тогаш до темел го рушиме тој град

Verse 17 — Surah Al-Isra 17:17

И колку поколенија по Нух Ние уништивме! Доволно е Што Господарот твој ги гледа, И ШТО е Гледач и Известен за гревовите на робовите Свои

Verse 18 — Surah Al-Isra 17:18

На оној кој го посакува овој свет Ние му го даваме она што го сакаме, и на оној кому сакаме, потоа, ќе му одредиме Џехеннем во кој ќе биде пржен, потценет и напуштен

Verse 19 — Surah Al-Isra 17:19

А на оној кој го посакува Ахирет и кој тежнее кон него, кој е верник... е, па, на онаквите тежнеењето нивно е благодарНО

Verse 20 — Surah Al-Isra 17:20

Ние им даваме на сите, било на овие било на оние, од подароците на Господарот твој. А подарокот на Господарот твој не е невреден

Verse 21 — Surah Al-Isra 17:21

Погледни како Ние им даваме предност еднинадруги. А на Ахирет, секако, се најголемите степени и најголемите предНОСТИ

Verse 22 — Surah Al-Isra 17:22

И покрај Аллах друг бог не означувајте. Ке останете, тогаш, осудени и отфрлени

Verse 23 — Surah Al-Isra 17:23

И Господарот твој определи: “Само Него да го обожавате, а на родителите добро да им правите. Ако еден од нив или двајцата кај тебе доживеат старост, не кажувај им ни “уф Не обраќај им се со висок гласи зборувај им зборови благородни

Verse 24 — Surah Al-Isra 17:24

пред нив спушти ги крилјата на потчинетоста и милоста, и речи: “Господаре мој, смилуј им се онака како што тие ми се смилуваа кога бев малечок

Verse 25 — Surah Al-Isra 17:25

осподарот ваш најдобро го знае она што е во душите ваши: ако бидете доброчинители... та, Он, кон оние кои се кајат, навистина, е Простувач

Verse 26 — Surah Al-Isra 17:26

И дај му го на ближиниот правото негово, И на сиромашниот, и на патникот и не троши безмерно

Verse 27 — Surah Al-Isra 17:27

Расипниците, навистина, се браќа на Шејтанот, а Шејтанот Господарот негов, навистина, не Го признава

Verse 28 — Surah Al-Isra 17:28

ако се свртиш од нив, барајќи ја милоста на Господарот твој за која, токму, се надеваш, тогаш, проговори им учтиво

Verse 29 — Surah Al-Isra 17:29

И не држи ја раката твоја обесена за вратот а ниту раширена толку долго за да не останеш, тогаш, презрен И очаен

Verse 30 — Surah Al-Isra 17:30

Господарот твој, секако, дава “рск кому сака, и Он му одредува мера. Он е Известен за робовите Свои и Гледач е

Verse 31 — Surah Al-Isra 17:31

не убивајте ги децата ваши, плашејќи се од сиромаштија. Ние и ниви вас ве храниме. убивањето нивно, навистина, е грев голем

Verse 32 — Surah Al-Isra 17:32

И не приближувајте се кон блуд. Гоа, навистина, е разврат и пат лош

Verse 33 — Surah Al-Isra 17:33

не убивајте никого за кого Аллах забрани, бесправно! А во однос на оној кој е убиен, ни крив ни должен, на заштитникот негов му дадовме власт, но нека не претерува во убивањето. Тој, секако, е потпомогнат

Verse 34 — Surah Al-Isra 17:34

не приближувајте се кон имотот на Јјетимот! И додека не стане полнолетен, однесувајте се кон него на најдобар начин. Исполнувајте го договорот! За договорот, навистина, има одговорност

Verse 35 — Surah Al-Isra 17:35

И кога мерите, мерете како што треба, мерејќи на кантарите праведно. Ете, тоа е најдобар и најубав исход

Verse 36 — Surah Al-Isra 17:36

И не следи го она што не го знаеш. И слухот, и видот, и срцето ќе бидат одговорни, навистина

Verse 37 — Surah Al-Isra 17:37

не оди по земјата горделиво! Ти, навистина, земјата не ќе ја пробиеш, и не ќе ги надвишиш брдата

Verse 38 — Surah Al-Isra 17:38

Се ова е лошо, кај Господарот твој, непожелно

Verse 39 — Surah Al-Isra 17:39

Ете ти од мудроста што ти ја објави Господарот твој. И не придружувај Му на Аллах друг бог, зашто ќе бидеш фрлен во Џехеннемот, понижен и отфрлен

Verse 40 — Surah Al-Isra 17:40

Ви подари ли Господарот ваш синови, а за Себе ги зема мелеките како ќерки? Вие зборувате, секако, „ зборови големи

Verse 41 — Surah Al-Isra 17:41

Во овој Кур"ан, секако, Ние поставивме ред за да се присетат, и тоа само им го зголемува оддалечувањето

Verse 42 — Surah Al-Isra 17:42

Кажи:“Кога би имало покрај Него богови како што зборуваат, тогаш, би побарале пат до Аршот

Verse 43 — Surah Al-Isra 17:43

Славен е Он и Возвишен, над она што го зборуваат, со висина голема

Verse 44 — Surah Al-Isra 17:44

Него го слават И седумте небеса и Земјата, И она што е меѓу нив. И нема ништо што, со благодарност своја, не Го слави, но вие не го разбирате славењето нивно! Он, навистина, е Благ и Простувач

Verse 45 — Surah Al-Isra 17:45

И кога го читаш Кур"анот меѓу тебе и оние кои не веруваат во Ахирет Ние поставивме завеса невидлива

Verse 46 — Surah Al-Isra 17:46

врз срцата нивни Ние ставивме прекривачи за да не го разберат, а тво ушите нивни тежина. И кога ќе го споменеш Господарот твој во Куранот, Единствениот, оние ги вртат плеќите со одбојност

Verse 47 — Surah Al-Isra 17:47

И Ние најдобро го знаеме она што оние го слушаат, токму, кога те прислушкуваат, и кога шепотат, и кога зулумќарите зборуваат: “Да, вие следите само еден човек волшебник

Verse 48 — Surah Al-Isra 17:48

Погледни како ти донесуваа примери! Оние скршнаа во заблуда... па, не можат да го најдат патот

Verse 49 — Surah Al-Isra 17:49

И зборуваат: “Кога ќе станеме коски и прашина тогаш ли ќе бидеме оживеани, ОДНОВО создадени

Verse 50 — Surah Al-Isra 17:50

Кажи: “И дури да бидете камења и железо

Verse 51 — Surah Al-Isra 17:51

или кое било друго суштество кое ви изгледа преголемо. Ќе речат: “Кој ќе не оживи?“ Кажи: “Оној кој ве создаде првпат." Тогаш кон тебе ќе ги свртат главите свои, зборувајќи: “Кога ќе биде тоа?" Кажи: “Ќе биде, можеби, сосем блиску

Verse 52 — Surah Al-Isra 17:52

Денот во кој ОН ќе ве повика, па ќе му се озвиете, забла годарувајќи Му се. Ќе помилите дека останавте само малку време

Verse 53 — Surah Al-Isra 17:53

И кажи им на робовите Мои да го нзборуваат она што е најдобро, зашто Шејтанот, навистина, сее раздор меѓу нив. Шејтанот кон човекот, секако, е непријател отворен

Verse 54 — Surah Al-Isra 17:54

Господарот твој ве познава најдобро. Ако посака ОН ќе ви се смилува, а ако, пак, ОН посака ќе ве казни. И Ние не те испративме кај нив како закрилник

Verse 55 — Surah Al-Isra 17:55

Господарот твој најдобро го знае и она што е на небесата и она што е на Земјата. ОД пејгамберите Ние еднинадруги ги одликувавме, и на Давуд Зебур му дадовме

Verse 56 — Surah Al-Isra 17:56

Кажи: “Повикувајте ги оние кои ги замислувате за богови, а не Него, кои не можат да ја отстранат неволјата од вас, а ни да ја заменат

Verse 57 — Surah Al-Isra 17:57

Оние кои ги повикуваат бараат средство како да дојдат поблиску до Господарот свој,и се надеваат на милоста Негова, и се плашат од казната Негова. Казната од Господарот твој е подготвена, навистина

Verse 58 — Surah Al-Isra 17:58

Нема ниеден град кој Ние не ќе го уништиме пред Денот суден или да не го казниме со ка-. зна жестока. Тоа е запишано во Книгата

Verse 59 — Surah Al-Isra 17:59

И ништо не може да Не спречи да испратиме знаменија. Нив, освен тоа, ги сметаа за лажни и поколенијата одамнешни. И на Семуд Ние му дадовме камила очигледна... па И направија зулум. :Знаменијата ги испраќаме само да застрашиме

Verse 60 — Surah Al-Isra 17:60

И кога ти рековме: “Да, Господарот твој ги опфаќа луѓето, а сонот кој ти го покажавме е само искушение за луѓето, а и стеблото проколнето во Кур"анот. И ги застрашуваме,а големото насилство нивно само се зголемува

Verse 61 — Surah Al-Isra 17:61

кога Ние им рековме на мелеките: “Паднете му на сеџде на Адем! Па, сите паднаа на сеџде, освен Иблисот, кој рече: “Ке паднам ли на сеџде на оној кого го создаде од кал

Verse 62 — Surah Al-Isra 17:62

уште рече: “Сметаш ли на овој кого го одликува над мене? ЕК, па. ако ме оставиш до Денот суден, потомството негово, освен мал број, секако, ќе го совладам!“

Verse 63 — Surah Al-Isra 17:63

Рече: “Бегај! А и оние кои ќе те следат. Па, Џехеннемот, навистина, е казната ваша, казната потполна

Verse 64 — Surah Al-Isra 17:64

И колку можеш натерај од нив со гласот твој. И натерај го караванот. твој кон Нив И пешадијата твоја... здружи им се И во Имотот И со децата и вети им! Шејтанот им ветува само измама

Verse 65 — Surah Al-Isra 17:65

Не поседуваш "моќ над робовите Мои, навистина! Господарот твој е Доволен ЗакриЛНИК

Verse 66 — Surah Al-Isra 17:66

Господарот ваш е Оној кој, за вас, го тера бродот по море за да барате од добрината Негова. Он кон вас, навистина, е Сомилосен

Verse 67 — Surah Al-Isra 17:67

И кога ќе ве погоди неволја во море исчезнуваа оние кои ги молевте, освен Него. И штом ќе ве спасивме со пристигнувањето на копно се противевте. Човекот, навистина, не признава

Verse 68 — Surah Al-Isra 17:68

Сигурни ли сте дека ОН нема да ве гмечи во земјата? Или да не ви испрати пустинска бура? А потоа да не си најдете закрилник

Verse 69 — Surah Al-Isra 17:69

Или сигурни ли сте дека повторно нема да ве врати во морето, па да ви испрати бура која ќе ве удави затоа што не верувавте? Потоа не ќе најдете никого кој ќе биде против Нас

Verse 70 — Surah Al-Isra 17:70

Ние веќе ги одликувавме синовите Адемови. И ги згриживме и по море и по копно, снабдувајќи ги со добрата и давајќи им предност над многу од оние кои ги создадовме

Verse 71 — Surah Al-Isra 17:71

Денот во кој ќе ги повикаме сите луѓе со Нивниот водач... Оние на кои ќе им биде дадена книгата од десната страна нивна ќе ја читаат книгата своја И не ќе им се направи никакво зло ни колку едно влакно

Verse 72 — Surah Al-Isra 17:72

кој ќе биде во врска со ова невид на овој свет ќе биде невид и на ДАхирет и кој најмногу во заблуда скршнал

Verse 73 — Surah Al-Isra 17:73

за малку да не те одвратат од она што Ние ти го објавивме, за да фрлаш лага врз Нас, со она што не ти се објави, па да те прифатат за пријател

Verse 74 — Surah Al-Isra 17:74

И Ние да не те зајакневме ти, само за малку, ќе им се приклонеше

Verse 75 — Surah Al-Isra 17:75

ако тоа го направеше, тогаш, Ние ќе ти дадевме да искусиш удвоена казна, и во овој живот и во оној живот. Потоа против нас не би нашол поддржНИК

Verse 76 — Surah Al-Isra 17:76

И само што не те воздигнаа над земјата за да те истераат од неа, навистина! А ако тоа го направеа само малку време по тебе ќе останеа

Verse 77 — Surah Al-Isra 17:77

Праксата кон пејгамберите кои Ние пред тебе ги испративме беше, секако, таква. И во праксата Наша, секако, не ќе најдеш измена

Verse 78 — Surah Al-Isra 17:78

намаз извршувај кога сонцето ќе тргне од половина на небото па до вечерниот самрак, И читај Куран на сабах намаз. Читањето на Кур"анот на сабах намаз, навистина, е Сведоштво

Verse 79 — Surah Al-Isra 17:79

И бдеј со намаз во дел од ноќта, и тоа доброволно, можеби Господарот твој ќе ти испрати благороден достоен степен

Verse 80 — Surah Al-Isra 17:80

И кажи: “Господаре мој, направи да влезам низ влезот на искреноста и да излезам Низ влезот на искреноста. И дај ми ОД Твоја страна и власт И поддржник

Verse 81 — Surah Al-Isra 17:81

И кажи: “ Вистината дојде, а лагата исчезна. Лагата, секако, е ништожна

Verse 82 — Surah Al-Isra 17:82

Ние од Куранот ти го објавуваме она што е Лечение и Милост за мпверниците. А на зулумќарите само им ја зголемува загубата

Verse 83 — Surah Al-Isra 17:83

И кога благодатот Наш ќе падне на човекот, се дуе и се врти настрана, а кога ќе го. допре зло некакво, се разочарува

Verse 84 — Surah Al-Isra 17:84

Кажи: “Секој работи онака како што му одговара. Господарот ваш, меѓутоа, најдобро го. знае оној кого ОН, токму, го упати по патот најупатувачки

Verse 85 — Surah Al-Isra 17:85

те прашуваат за духот. Кажи: “Духот е едно од нештата на Господарот мој И за него дадено ви е само малку знаење. “

Verse 86 — Surah Al-Isra 17:86

А ако посакавме Ние ќе го занемаревме сигурно она што ти го објавивме. И ти, во врска со тоа, не ќе најдеш против нас закрилник

Verse 87 — Surah Al-Isra 17:87

освен милоста од Господарот твој. Добрината Негова кон тебе, навистина, е голема

Verse 88 — Surah Al-Isra 17:88

Кажи: “Кога би се збралеи џиновите и луѓето да донесат нешто што ќе биде слично на Куранот, не ќе можат да донесат ништо слично нему, па било да се помагаат еднисодруги

Verse 89 — Surah Al-Isra 17:89

Во овој Кур"ан Ние веќе поредивме за луѓето од секој пример. Па, мнозинството на луѓето одбиваат, навистина, со тоа што не веруваат

Verse 90 — Surah Al-Isra 17:90

И зборуваат: “Никогаш нема да ти веруваме се додека не направиш да прсне вода Од земјата, вода која ќе извира “

Verse 91 — Surah Al-Isra 17:91

или: “ако имаш бавча со урми и со лозја па да направиш да избувнат големи реки од неа

Verse 92 — Surah Al-Isra 17:92

или: “ако не го срушиш небото врз нас - како што сметаше - во парчиња", или; ако не ни ги доведеш Аллах и мелеките за помош“

Verse 93 — Surah Al-Isra 17:93

или: “ако немаш куќа со украси" - или ако не се извВИишиш на небо - уште: нема да ти веруваме и во извишувањето твое се додека не ниИ спуштиш Книга што ќе ја читаме." Кажи: “Славен нека биде Господарот мој! Не сум ли јас само човек пејгамбер

Verse 94 — Surah Al-Isra 17:94

А она што луѓето ги спречува - „бидејќи им дојде Патоказот - е само тврдењето нивно: “Дали Аллах испрати човек за пејгамбер

Verse 95 — Surah Al-Isra 17:95

Кажи: “Кога мелеките би оделе по земјата мирно Ние, секако, од небо ќе им испратевме мелек за пејгамбер

Verse 96 — Surah Al-Isra 17:96

Кажи: “Аллах е Доволен Сведок меѓу мене и меѓу вас. ОН, навистина, е Известен за робовите Свои и Гледач е

Verse 97 — Surah Al-Isra 17:97

Оној кого Аллах ќе го упати, упатен е, а оној кого ОН ќе го скршне во заблуда... за него не ќе најдеш, освен него, заштитници. Ние ќе ги збереме на Денот суден: лицата нивни ќе бидат соборени, ќе бидат и слепи, и неми, и глуви. Прибежиштето нивно е - Џехеннемот! И секојпат кога огнот Саир ќе ослабне Ние ќе го разгориме

Verse 98 — Surah Al-Isra 17:98

Ова, токму, е казната нивна, зашто тие, навистина, не веруваа во знаменијата Наши, и велеа: “Кога ќе станеме коски И прашина, тогаш ли ќе бидеме оживеани, одново создадени

Verse 99 — Surah Al-Isra 17:99

Не гледаат ли дека Аллах, секако, е Оној кој ги создаде небесата и Земјата, Кој е кадар да создаде ним слични, и да им определи рок во кого нема сомнение. Па, зулумќарите одбиваат, неверувајќи

Verse 100 — Surah Al-Isra 17:100

Кажи: “И кога би ги поседувале ризниците на милоста од Господарот мој и дури тогаш би ве опфатил страв да потрошите." Човекот е голем скржавко

Verse 101 — Surah Al-Isra 17:101

на Муса Ние веќе му дадовме девет знаменија јасни. Па, прашај ги синовите Израилови кога тој, Токму, им дојде, И кога фараонот му рече: “При мислење сум дека ти си, Муса, навистина, волшебник

Verse 102 — Surah Al-Isra 17:102

Муса рече: “Да, знаеш дека тие очигледности ги објави само Господарот на небесата и на Земјата. И јас сметам, о фараоне, дека си ти, навистина, изгубен

Verse 103 — Surah Al-Isra 17:103

тогаш фараонот посака да ги истера од земјата. Па, Ние него и оние кои беа со него, заедно, ги потопивме

Verse 104 — Surah Al-Isra 17:104

по него на синовите Израилови Ние им рековме: “Населете ја земјата, а кога ќе дојде ветувањето за Ахирет, Ние ќе ве доведеме во дружини

Verse 105 — Surah Al-Isra 17:105

И Кур"анот Ние со вистина го објавивме. И ОН, токму, со вистина се објавува. И тебе те испративме само како радосник и опоменувач

Verse 106 — Surah Al-Isra 17:106

И Ние Курѓ"анот по делови го објавуваме за да Им го читаш на луѓето полека. И го објавуваме онака како што го објавуваме

Verse 107 — Surah Al-Isra 17:107

Кажи: “Ќе верувате во него ИЛИ нема да верувате, оние со даденото им знаење пред него кога им се кажува - паѓаат на сеџде со лицата свои

Verse 108 — Surah Al-Isra 17:108

и зборуваат: “Славен нека е Он! Господарот наш! Ветувањето на Господарот наш се оствари

Verse 109 — Surah Al-Isra 17:109

И паѓаат со челата свои, плачејќи, и Он им ја зголемува страхопочитта

Verse 110 — Surah Al-Isra 17:110

Кажи: “Повикувајте “Аллак!" Или повикувајте “Милостив!" И по кое било име ќе Го повикувате...па, имињата Негови се најубави! При намазот твој не изговарај на глас а ниту скришно во себе, туку најди начин меѓу тоа

Verse 111 — Surah Al-Isra 17:111

кажи: “Благодарение на Аллах! Кој не си присвои дете и Кој не зема здруженик во власта и Кој нема потреба од поддржник. И величај Го со величието